Направете сами: Фотографија пренесена на дрвена површина
Чекор 5: Нанесете ја фотографијата на дрвото
Ставете ја фотографијата врз дрвото и со некој мазен предмет поминете низ неа, па отстранете го вишокот гел што ќе излезе од дрвото.
Чекор 6: Оставете ја да се исуши
Вака направената фотографија оставете ја да се исуши во текот на ноќта.
Чекор 7: Земете сад со вода и сунѓер, па почнете со триење
Земете сад со вода (топла или студена) и сунѓер или крпа и потопете ги, а потоа притискајте на хартијата додека нежно ја триете. Многу е важно да бидете нежни, а не да триете премногу напорно и грубо. Кога ќе се открие фотографијата, престанете со триењето, дозволете ѝ на површината да се исуши, а потоа тријте уште малку. Бидете трпеливи во целиот процес.
Чекор 8: Заштитете ја фотографијата
Откако ќе ја откриете целата фотографија на дрвото, треба да се потрудите истата да ја заштитите. Така, можете да изберете масло за дрво (или некој друг производ за заштита кој може да ви го препорача продавачот), па да ѝ дадете одличен сјај на целокупната изработка.
Па, откако го имате вашиот готов производ, можете да ги изненадите вашите најмили!
Во продолжение погледнете го и видеото за подетални објаснувања и инструкции.