Најубавите пристаништа во светот - Part 2

Најубавите пристаништа во светот

7. Касаб, Оман

(7)najubavite-pristanishta-vo-svetot-kafepauza.mk

Енклава одделена од остатокот на Оман, оваа територија е населена со рибари и овчари. Бродовите застануваат во близина на стариот град, и од овде можете да го истражите целото место.

8. Ил Де Сант, Гваделуп

(8)najubavite-pristanishta-vo-svetot-kafepauza.mk

Кое било пристаниште на Карибите е прекрасно, кристално чиста вода, бел песок и многу палми. Со поголеми бродови можете да стигнете до одморалишта кои се прилагодени за туристи. Има и помали места за авантуристите до кои се стигнува со мали бротчиња.

9. Ванкувер, Канада

(9)najubavite-pristanishta-vo-svetot-kafepauza.mk

Опкружен со планини, Ванкувер се смета за еден од најубавите градови кои излегуваат на море. Бродовите поминуваат под познатиот мост Лајонс Гејт кој ги дели северната и јужната страна на градот.

10. Мореа, Француска Полинезија

(10)najubavite-pristanishta-vo-svetot-kafepauza.mk

Бродовите кои застануваат овде се пречекани од вистинска идила. Познат како „магичниот“ остров поради неверојатниот пејзаж, Мореа нема урбан центар, туку само неколку мали села по брегот.

11. Котор, Црна Гора

(11)najubavite-pristanishta-vo-svetot-kafepauza.mk

Со високите планини и сината вода, како и старите населби, овој брег е круна на Црна Гора. И самиот град е вистинско чудо со неговите калдрми, цркви и плоштади.

12. Стокхолм, Шведска

(12)najubavite-pristanishta-vo-svetot-kafepauza.mk

Грациозната поставеност на островчињата кои се поврзани со мостови му дава посебен шарм на овој град. Во срцето на градот ве чекаат неколку музеи, замоци, галерии и многу места кои ќе ви го привлечат вниманието.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар