Најубавите мисли за самотијата: Зошто таа е можеби најдоброто нешто кое ви се случило?

Најубавите мисли за самотијата: Зошто таа е можеби најдоброто нешто кое ви се случило?

Велат дека сѐ додека човек не научи да биде сам, нема да може да биде со никој друг; сѐ додека не почне да ужива во самотијата, нема да може да ужива во ничие друштво. Тогаш наидуваме и на оние кои велат дека осаменоста не постои за нив, додека од другата страна се наоѓаат оние кои целиот свој живот биле осамени.

00-najubavite-misli-za-samotijata-i-zoshto-taa-e-mozhebi-najdobroto-neshto-koe-vi-se-sluchilo-kafepauza.mk

Но, всушност, способноста да се биде сам и човек да се чувствува добро дури и тогаш, е многу редок благослов. Бидејќи, како што не многу луѓе јасно ја гледаат разликата, осамен и сам се сосема различни поими. И за двете состојби човекот е сам виновен. Секој сам се пронаоѓа себеси, се создава и развива; секој сам е одговорен за својата среќа и како ќе дојде до неа; секој е виновен доколку дозволи да биде осамен и да зависи од другите.

Некои работи едноставно мора да ги направите сами, а тоа ќе ве направи посилни од кога било и посвесни за себе и луѓето околу вас. Никој друг не може да биде вие, ниту, пак, да одлучува и да реагира наместо вас, никој нема да ја пополни празнината која ја чувствувате освен вие самите. И запомнете дека среќата е скоро секогаш пред вашиот нос, во малите нешта. Но некогаш, баш она што ви е потребно, е да бидете сосема сами за да може да ги отворите очите и да ја видите.

И додека некои ќе се согласат со ова, а други не, еве што некои од познатите писатели имале да кажат на оваа тема.

01-najubavite-misli-za-samotijata-i-zoshto-taa-e-mozhebi-najdobroto-neshto-koe-vi-se-sluchilo-kafepauza.mk

„Јазикот го создал зборот осаменост за да ја изрази болката на човек кој е сам. И го создал зборот самотија за да ја изрази величественоста на тоа да се биде сам.“ – Пол Тилич

„Излегувам единствено за да си набавам свеж апетит за да бидам сам.“ – Лорд Бајрон

„Целта на животот не е да се пронајдеш себеси. Целта на животот е да се создадеш себеси.“ – Џорџ Бернард Шо

„Не читај како што го прават тоа децата, за да се забавуваат, или, пак, како амбициозните, со цел да научат. Не, читај за да можеш да живееш.“ – Густав Флауберт

„Не е лесно да најдеме среќа во себеси, а не е возможно да ја најдеме на друго место.“ – Агнес Риплајер

„Осамена сум, но сепак, не секој ќе заврши работа. Не знам зошто, но некои луѓе ги пополнуваат празнините, а други ја истакнуваат мојата осаменост.“ – Анаис Нин

„Никогаш не си сам. Ти си вечно поврзан со сите.“ – Амит Реј

02-najubavite-misli-za-samotijata-i-zoshto-taa-e-mozhebi-najdobroto-neshto-koe-vi-se-sluchilo-kafepauza.mk

„Фикцијата е едно од неколкуте искуства каде може да се соочиш со осаменоста и да ја олесниш. Дроги, филмови каде работи екслподираат, гласни забави – сите овие ја бркаат осаменоста правејќи да заборавам дека моето име е Дејв и дека живеам во еден на еден кутија од коска за која никој не знае и во која не може да влезе. Фикција, поезија, музика, навистина длабок и сериозен секс и на различни начини, религија – ова се местата за мене каде прифаќам дека осаменоста навистина постои, ја гледам во лице, ја преобразувам во нешто поубаво, ја третирам.“ – Дејвид Фостер Волас

„Осаменоста додава убавина во животот. Им дава специјален жар на зајдисонцата и прави ноќниот воздух да мириса поубаво.“ – Хенри Ролинс

„Таа беше посилна… сама.“ – Џејн Остин

„Што е среќата ако не едноставна хармонија меѓу човекот и животот кој тој го живее?“ – Алберт Камус

„Маса, столче, чинија со овошје и виолина. Што друго му е потребно на човек за да биде среќен?“ – Алберт Ајнштајн

„Среќата е внатрешна работа.“ – Вилијам Артур Џоб

„Никогаш не сум бил осамен. Си се допаѓам себеси. Јас сум си најдобрата форма на забава која ја имам.“ – Чарлс Буковски


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар