Најстрашните видео игри на сите времиња
8. Dead Rising
Поради замавот кој го земаа видео игрите со зомби, потребно е постојано обновување на овој жанр. Dead Rising е одличен пример за тоа бидејќи вклучува екстремно насилство и мала доза хумор. Целото дејство е сместено во огромен трговски центар, а вие користите секојдневни предмети со цел да се одбраните.
9. Half-Life 2
Оваа игра се смета за една од најдобрите поради бројни причини. Способноста на играта навистина да ве исплаши е една од нив. Во некои мисии, како „Ravenholm”, играчите мораат да решаваат загатки додека избегнуваат страшни чудовишта во навистина непредвидлива средина.
10. Fatal Frame
Инспирирани од успехот на Silent Hill, креаторите ја создале Fatal Fame, игра која исто така стана хорор класика. Критичарите ја обожаваа играта поради уникатниот систем за борба, каде што играчите треба да уништуваат злобни духови користејќи посебна камера.
11. Bioshock
Постојат само малку игри чиј почеток ќе го паметите. Како што вашиот лик се спушта во потопената утопија, вие почнувате да ги откривате трагедиите кои се случиле. Bioshock успешно ги плаши играчите создавајќи прекрасен свет за истражување во кој е многу лесно да се изгубите.
12. F.E.A.R.
Се разбира, малото девојче можеби е веќе видено во овој жанр, но останува присутно со причина. Демонските деца едноставно се ужасни. Креаторите на F.E.A.R. успешно го користат ова и играчот е присилен да користи сила и памет за да се ослободи од ова злобно дете.
13. Alien: Isolation
Повеќето видео игри кои се правени според филм се неуспешни. Но, Alien: Isolation успеа да го избегне тој тренд. Играчите го истражуваат застрашувачкиот свет во иднината, 15 години по крајот на првиот филм. Креаторите успешно ја доловиле визијата на Ридли Скот со одлична графика и добар гејмплеј.
14. Silent Hills
За жал, никогаш нема да живееме во свет каде што е објавена видео играта Silent Hills на Гилермо дел Торо и Хидео Коџима. Но, можете да уживате во застрашувачката демо верзија од оваа игра. Во помалку од 90 минути, оваа демо верзија создаде универзум за кој фановите сè уште сонуваат.
15. Manhunt 2
Малку игри предизвикале контроверзии како Manhunt 2. Кога била најавена, многу анти-гејминг активисти, па дури и Хилари Клинтон, направиле обид да ја забранат играта поради нејзиниот садистички фокус на мачењето. Играта беше објавена само за возрасни поради нејзината бруталност. Rockstar Games биле присилени да ја намалат бруталноста со тоа што ги цензурирале сцените со мачење. И покрај цензурата, Manhunt 2 на играчите им нуди интензивно, грозно искуство.
Погледнете и некои од најдобрите бесплатни игри за Андроид.