Најстарата храна откриена од археолозите
6. Кисели риби
Пред 2.000 години потонал брод кој пловел накај Шпанија. Археолозите во него пронашле многу затворени тегли кои имале маслиново масло, житарици и кисели риби. Тие сметаат дека храната би требало да ја продадат во Шпанија.
7. Нудли стари 4.000 години
Археолозите пронашле нудли стари 4.000 години кои се зачувале бидејќи чинијата била превртена и се наоѓала неколку метри под земја. Тие сметаат дека ова се случило благодарение на древниот земјотрес кој направил да се излее Жолтата река.
8. Прелив за салата од Грција
Во 2006 година тип научници испратиле робот до древен потонат брод за да ги собере теглите со храна кои се наоѓале на него. Откако ја анализирале нивната содржина, тие откриле дека во теглите има маслиново масло со оригано, односно прелив за салата. Антиоксидансите во ориганото го зачувале преливот кој датира од периодот на Аристотел и Сократ.
9. Говедско месо од гробница
Археолозите пронашле мистериозна црна супстанца во една гробница во Кина која датира од пред 2.200 години. После месеци тестирање, тие сфатиле дека го пронашле најстарото говедско месо. Месото било затворено во бронзен сад и било оставено за задгробниот живот на погребаниот.
10. Древни пуканки
Во 2012 година археолозите откриле дека Перуанците правеле пуканки уште пред 6.700 години. Најверојатно тие ја завиткувале пченката во нешто и ја ставале на јаглен сè додека не испукаат пуканките.
11. Мед од древна египетска гробница
Најстариот примерок на мед датира од пред околу 3.000 години. Научниците дури тврдат дека медот сè уште е добар за јадење. Медот има низок процент на вода, кисел е, и содржи малку хидроген пероксид. Покрај тоа што го јаделе, Египќаните го користеле медот и при мумифицирањето.
Погледнете и некои од најлудите нешта пронајдени на Земјата.