Најсмртоносните производи за жени што се појавиле на пазарот во 20 век - Part 2

Најсмртоносните производи за жени што се појавиле на пазарот во 20 век

Женски цигари

Најсмртоносните производи за жени што се појавиле на пазарот во 20 век

Тутунската индустрија на почетокот од 20-ти век не сакала да ризикува. Имено, во тоа време се верувало дека само неморалните жени од пониски класи пушеле цигари. Па, така „Лаки Страјк“ (Lucky Strike) смислиле идеја за да им го рекламираат производот директно на жените како средство за слабеење кое ќе им го намали апетитот. Потоа следеле голем број гламурозни реклами и холивудски сцени во кои главните ликови пушеле цигари, па така пушењето стекнало репутација на елегантна и модерна навика.

Освен тоа, и поборниците за женски права биле една од целните групи на тутунската индустрија. Цигарите биле нарекувани „факели на слободата“ што значело дека жените се ослободувале од оковите на сексуалните предрасуди и можеле да пушат во јавност исто како и мажите. Крајниот резултат бил позитивен, не за феминизмот, туку за маркетингот.

Оловни штитови за брадавици

Најсмртоносните производи за жени што се појавиле на пазарот во 20 век

Штитовите за брадавици направени од олово биле многу популарни пред почетокот на 1930-тите. Заштитувањето на брадавиците за време на доењето се сметало како добра превенција од испукани и иритирани брадавици, а луѓето биле свесни дека големата количина на олово е лоша идеја. Меѓутоа, произведувачите тврделе дека флексибилните штитови не само што нудат заштита од иритација, туку и млекото во штитовите ќе се измеша со оловото и ќе создаде „олово лактат“ кој ќе им помогне на брадавиците да заздрават. Според ова, штитовите не биле воопшто штетни за новороденчето. За жал, последиците биле негативни или фатални не за мајките, туку за бебињата. До 1930-тите години луѓето сфатиле дека идејата е смртоносна и почнале да ги уништуваат штитовите.

Заслепувачка боја за трепки

Најсмртоносните производи за жени што се појавиле на пазарот во 20 век

Долгите и густи трепки станале популарни во 1930-тите години. Па така се појавила бојата за трепки позната како Lash Lure која ги затемнувала трепките и ги правела поубави поради што многу жени почнале да ја користат. Меѓутоа, оваа идеја била проблематична бидејќи целосно го променила начинот на кој биле рекламирани производите дотогаш. Lash Lure користеле анилинска боја добиена од катран која во еден случај целосно ослепила една од потрошувачките. Производот бил опасен бидејќи предизвикувал моќни алергиски реакции кај некои луѓе. Овој случај добил толку голем публицитет, што благодарение на него се формирала една од фондациите за регулација на производите на пазарот и нивната безбедност во 1938 година.

Отровни креми за избелување

Најсмртоносните производи за жени што се појавиле на пазарот во 20 век

Пигментациите кои се базирале на олово продолжиле да постојат и во 21 век со поинакви но исто толку опасни состави. Во 19-ти век, растворите за избелување содржеле сѐ, од карболова киселина па сѐ до жива. Во денешно време, иако не ги содржат овие состојки, кремите за избелување се сметаат за многу опасни и отровни, особено во Азија и Африка каде што се многу популарни. Брегот на Слоновата Коска ги забранил сите креми што содржат над 2% хидрохинон, жива и други отровни состојки. Во 2010 година еден хемичар докажал дека 10% од кремите за избелување содржат доволно жива за да предизвикаат сериозни последици на бубрезите со нивна постојана употреба.

Иако живееме во напредно време и современо општество, сепак борбата против рекламирањето отровни производи за нега и убавина сѐ уште не е завршена. Обрнете внимание на лековите и козметиката што ги користите и не експериментирајте со сомнителни креми, гелови и шминка кои можат да предизвикаат сериозни здравствени последици.

Прочитајте ги и овие 8 неверојатни факти за тоа како било третирано психичкото здравје на жените во минатото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар