Најраспространетите народни верувања за магичната моќ на месечината

Најраспространетите народни верувања за магичната моќ на месечината

Од почетокот на човештвото, на месечната ѝ се препишувале најразлични магични својства. Луѓето верувале дека во зависност од видливоста на месечината, тие можеле да ослабат, да ја заборават старата љубов, да пронајдат нова или пак, да дојдат до повеќе пари. Што мислите вие, има ли вистина во овие верувања?

Најраспространетите народни верувања поврзани со магичната моќ на месечината

Месечев камен – Доколку ставите месечев камен под вашата перница, ноќта кога има полна месечина, вие ќе имате моќ да видите што ве чека во иднината.

Потомство – Се верува дека децата родени за време на полна месечина се многу здрави и силни, како и дека жените во овие ноќи се породуваат многу полесно и побрзо.

Избегнување караници – Во текот на полната месечина, избегнувајте ги сите несогласувања со соседите, бидејќи од тие караници би можеле да произлезат многу повеќе неволји од вообичаено.

Оздравување – Доколку сте болни немојте да гледате во полна месечина, бидејќи на тој начин ќе го забавите процесот на оздравување.

Пари – Доколку вашата финансиска состојба е во лоша состојба, за време на полната месечина излезете надвор и под нејзините зраци отворете го широко вашиот паричник и кажете 9 пати: „Наполни го“. Ова верување влече корени од времето кога луѓето верувале дека месечината е направена од сребро, па затоа и има моќ да привлекува пари.

Љубов – Во зависност од месечевите мени, се разликуваат и ритуалите за љубов. Интересен е фактот што античките, средновековните, како и современите жени применувале скоро идентични методи во одредени фази од лунарниот циклус. Еден од овие ритуали е и оној за невозвратена љубов, каде што ноќта на младата месечина тие ги фрлаат подароците и фотографиите од нивната љубов, со цел да ослободат место во своето срце за нова личност.

Секс – Кога месечината е во фаза на растење, вие побрзо се заљубувате и емоциите ви се поинтензивни, па токму затоа ноќта на полна месечина е идеална за заведување и секс. Античките дами биле убедени дека токму таа ноќ се најубави и најпожелни, и затоа посебно се дотерувале.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар