Откријте го вашиот карактер: Најпрецизниот психолошки тест со само 4 прашања - Part 2

Откријте го вашиот карактер: Најпрецизниот психолошки тест со само 4 прашања

ESTJ – Менаџер

Практични и воздржани, вие сакате да воспоставите ред со планирање и организирање. Но повеќе од сè сакате да ги убедите луѓето за вашата праведност и да ги натерате да размислуваат како вас. Вие секогаш им верувате на фактите. Отворени сте за комуникација, среќавање нови луѓе и сакате забави. Никогаш не заборавате да се грижите за блиските и многу добро ја покажувате вашата љубов.

11% мажи, 6% жени

ENTJ – Командант

Вашиот живот е екстремен и напорен. Вие сте храбри, преземате ризици и лесно ви е да започнете нешто ново. Добро ги проценувате вашите способности, и предностите и слабостите. Секогаш сте отворени кон нови идеи. Размислувате позитивно и ги сакате спортските активности.

3% мажи, 1% жени

ESFJ – Учител

Добро се справувате со луѓето и вие сте животот на секоја забава. Вие сте внимателни, грижливи и секогаш сте подготвени да помогнете, дури и ако треба да жртвувате нешто. Сепак, многу сте независни за вашите идеали и го постигнувате она што го сакате без ничија помош. Вам ви е потребна само емоционална поддршка од саканите.

17% жени, 8% мажи

ESTP – Маршал

Вие сакате да ја постигнете вашата цел без разлика на сè , па дури ќе употребите и физичка сила. Секогаш се држите до планот и не сакате да бидете зависни. Вие сте родени борци, многу активни и организирани. Брзо се снаоѓате во стресни ситуации и веднаш го кажувате вашето мислење.

6% мажи, 3% жени

ENFJ – Ментор

Вие сте емоционални и разговорливи и користите многу гестикулации. Ги чувствувате емоциите на другите и веднаш ја забележувате неискреноста. Во врските сте љубоморни. Многу често сте подготвени да се соочите со настаните кои ви претстојат бидејќи имате способност да ги почувствувате предвреме.

3% жени, 2% мажи

ENTP – Пронаоѓач

Вие секогаш сакате да создадете нешто ново. Лесно се прилагодувате во непозната околина. Не ја сакате традицијата и рутината, па често ја менувате професијата. Вие сте иноватори и пионери. Не ви е важно само да создавате нови идеи, туку сакате да ги споделите со другите и да ги направите реалност.

4% мажи, 2% жени

ESFP – Политичар

Можете многу лесно да ги одредите можностите во вашето опкружување, а многу често ја користите оваа особина за манипулација. Кога комуницирате со другите најчесто го следите вашиот личен интерес. Сепак, се обидувате да ги импресионирате сите и сакате да се претставите како едноставна личност. Секогаш сте присутни во сегашниот момент и не сакате да трошите време. Вие сакате брзи резултати.

10% жени, 7% мажи

ENFP – Шампион

Вие сте енергични и креативни. Имате одлики и на екстроверт и на интроверт, па лесно се прилагодувате покрај луѓето, а истовремено сте и сочувствителни. Давате многу добри совети. Животот секогаш го гледате како збир од можности. Имате богата фантазија и висок коефициент на интелигенција.

10% жени, 6% мажи

INFP – Лекар

Вие сте сонувачи, а вашата хармонија секогаш е на прво место. Поголемиот дел од размислувањето се одвива во вас. Вие можете да ги предвидите настаните и добро ги разбирате другите. Сакате да се облекувате убаво и да изгледате неверојатно во секоја прилика. Често губите чувство за време и реалност.

5% жени, 4% мажи

ISFP – Композитор

Вие наоѓате радост и во најмалите нешта. Сакате да се чувствувате потребни, па постојано им помагате на другите. Не сакате конфликти и секогаш можете да ги насмеете оние околу вас. Вие сте приземјени, практични, грижливи и верни партнери. Го прифаќате светот онаков каков што е и никогаш не се обидувате да водите или да манипулирате.

10% жени, 8% мажи

INTP – Архитект

Како тврдоглава личност и филозоф, вие не сакате премногу да се изразувате. Секогаш сакате да сте смирени. Внимателно донесувате одлуки, притоа анализирајќи ги минатото, сегашноста и иднината. Вие сте чувствителни на промени и тешко се справувате со нив. Секогаш собирате факти, мисли и идеи, па поради ова многу често сте напнати.

5% мажи, 2% жени

INFJ – Советник

Вие одлично ги забележувате другите и нивните врски. Лесно ги идентификувате расположенијата и скриените таленти, а луѓето често бараат совет од вас. Сепак, премногу сте ранливи и не можете да поднесете агресија или недостаток од љубов. Вашата движечка сила е интуицијата. Вие никогаш не престанувате да учите бидејќи само развојот ви е приоритет.

2% жени, 1% мажи

INTJ – Инспиратор

Вие имате многу богат внатрешен свет, а токму од овде ги добивате вашите неверојатни идеи. Сакате да подобрите сè и сите. Сепак, имате некои потешкотии во врските со другите бидејќи често се оддалечувате со цел да ја демонстрирате вашата независност. Поставете си приоритет и следете ја вашата интуиција.

ISFJ – Заштитник

Не поднесувате лаги и несигурности во врските. Ги препознавате „странците“ и се држите настрана од нив. За луѓето кои се „во вашиот круг“ ќе направите сè без да барате нешто за возврат. Вие сте набљудувачи и сте многу внимателни со вашите зборови и дела. Грижливи сте и добри и вашата цел е да им помагате на другите и да ги направите посреќни.

19% жени, 8% мажи

ISTP – Мајстор

Мајсторот по правило сака рачно да прави работи. Вие не се брзате со донесувањето одлуки, но секогаш имате проблем со крајните рокови. Светот го доживувате преку вашите чувства, а вашето мислење за настаните околу вас е секогаш објективно и специфично. Вие сте комуникативни, но избегнувате комуникација ако почувствувате неискреност.

9% мажи, 2% жени

ISTJ – Инспектор

Луѓето можат да ви веруваат, но никогаш не ги прифаќате работите онакви какви што сте. Секогаш ги анализирате информациите кои ги добивате. Не ве интересира комуницирање на долгорочен план и секогаш го гледате крајниот резултат. Вие сакате строгост и ред и многу сте педантни. Не живеете во вашите соништа, туку живеете тука и сега.

15% мажи, 7% жени


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар