Кои градови биле најфотографирани на Инстаграм за 2017 година? - Part 2

Кои градови биле најфотографирани на Инстаграм за 2017 година?

6. Лос Анџелес, Калифорнија

(6)najpoznatite-gradovi-na-instagram-za-2017-koi-kje-sakate-da-gi-posetite-kafepauza.mk

И покрај тоа што е метропола, постојаното сонце, високите палми и смиреноста прават градот да изгледa прекрасно дури и ако сте заглавени во сообраќаен метеж. Како ова да не е доволно, овде можете да го посетите и Дизниленд.

7. Санкт Петербург, Русија

(7)najpoznatite-gradovi-na-instagram-za-2017-koi-kje-sakate-da-gi-posetite-kafepauza.mk

Вториот најголем град во Русија е малку помодерен од Москва. Им нуди на младите туристи навистина добри сцени за фотографирање. А оние пак кои повеќе сакаат историја, можат да уживаат во големиот број палати и катедрали.

8. Џакарта, Индонезија

(8)najpoznatite-gradovi-na-instagram-za-2017-koi-kje-sakate-da-gi-posetite-kafepauza.mk

Во Џакарта се слеваат култури и друштва од околните места. Големата разновидност на градот може да се забележи во архитектурата, како и во храната. Без разлика која е вашата дефиниција за убавина, речиси сигурно ќе ја пронајдете овде.

9. Истанбул, Турција

(9)najpoznatite-gradovi-na-instagram-za-2017-koi-kje-sakate-da-gi-posetite-kafepauza.mk

Религиската историја на Истанбул нуди многу свети знаменитости за кои нема ни да ви биде потребен филтер од Инстаграм. Покрај тоа, овој град е дом на големата Белградска шума, па овде ќе уживаат и љубителите на природата.

10. Барселона, Шпанија

(10)najpoznatite-gradovi-na-instagram-za-2017-koi-kje-sakate-da-gi-posetite-kafepauza.mk

Барселона, како и Париз е позната по уметноста. Но овде нема потреба да одите во музеј за да ја видите. Неверојатната архитектура ќе ве пречекува на секој чекор во овој град.

Погледнете ги и овие предлози за патување за 2018 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар