Најпаметните добитници на лотарија - Part 2

Најпаметните добитници на лотарија

6. Бред Дјук

Најпаметните добитници на лотарија

За Бред, џекпотот од 85 милиони не бил доволно – тој сакал да ги претвори овие пари во милијарда. Затоа и веднаш почнал да ги инвестира.

„Секогаш имав мотивација за успех. Сакав да им овозможам на семејството и на идните генерации 3 работи – едукација, работа во една од моите компании и доволна финансиска поддршка за да можат да ги следат своите соништа.“

7. Сју Хердман

Најпаметните добитници на лотарија

Сју била самохрана мајка, работела како фризерка и едвај сврзувала крај со крај. Кога дознала за добивката од 1 милион евра, првото нешто што ѝ поминало низ главата било дека никогаш повеќе нема да мора да се грижи за пари, па дури и сакала сите да ги истроши. Но, помислила на нејзината врска на далечина со маж кој работел на фарма за свињи и решила да инвестира во љубов. Тогаш не знаела дека не само што ќе го пронајде својот сопруг, туку ќе се вљуби и во илјадниците прасиња за кои се грижи секојдневно.

8. Питер Лавери

Најпаметните добитници на лотарија

Пролетта во 1996 година, возачот на автобус Питер Лавери, освоил 10 милиони евра на Националната лотарија. А оттогаш ја зголемил добивката 3 пати. Сепак, работите не почнале толку едноставно. Првите 6 месеци секојдневно го посетувал локалниот паб.

„Не работев 6 месеци, а пред тоа работев целиот живот. Не знаев што да правам со себе. Пиев 5 дена во неделата. Сакав да се убијам. Тогаш еден доктор, кој ми е и пријател, ми рече да си најдам обврска.“

И го направил токму тоа. Тој купил 33 имоти кои сега ги изнајмува низ северна Ирска, а купил и дестилерија за виски. Покрај тоа, тој успеал да создаде работни места за 80 луѓе, а ова го прави вистински економски гениј.

9. Џејмс Харви

Најпаметните добитници на лотарија

Понекогаш добивањето лото е повеќе пресметување, а помалку среќа. Токму тоа го направил студентот на МИТ кога тој и неколку негови колеги освоиле 3,5 милиони евра во текот на неколку години. Харви пронашол „дупка“ во една игра на среќа. Тој сфатил дека секое ливче е повредно од неговата оригинална цена. Па привлекол инвеститори кои купиле околу 600.000 ливчиња во текот на 7 години – инвестиција која им се исплатела.

10. Џоан Гинтер

Најпаметните добитници на лотарија

Добивањето на лото е неверојатно. Уште поневеројатно е да добиете втор пат. За трет не ни помислувате. Но, можно ли е да добиете 4 пати? Токму тоа ѝ се случило на Џоан Гинтер од Тексас. Таа добила 5,4 милиони во 1993-та година, 2 милиони после една деценија, 3 милиони 2 години подоцна, и на крајот, во 2008-ма добила 10 милиони. Што ја направило олку среќна? Па Џоан е поранешна професорка по математика која го искористила своето знаење за да си ги зголеми шансите за добивка.

Погледнете и кои се мрачните тајни на лотаријата и другите игри на среќа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар