Најмоќните фотографии од доилки за 2017 година
8. Доење во природа
Џинти Фел и нејзиниот сопруг патуваат во комбе заедно со нивната ќерка. За доењето таа изјавила:
„Природата ја сака храброста. Ако се посветите, природата веднаш ќе ви одговори и ќе ги отстрани сите пречки. Сонувајте го невозможниот сон и светот нема да ве руши, туку ќе ве издигне.“
9. Доење со рак
Денот пред мастектомијата на двете дојки, оваа жена со рак се премислила. Наместо двете, таа одлучила да ја отстрани само едната дојка. Причината била тоа што сакала да ја дои својата малечка ќерка Зои.
10. Доење и подготвување за големиот ден
На фотографијата гледаме мајка и невеста која го дои своето малечко додека се подготвува за венчавката. Фотографот кој ја направил фотографијата напишал:
„Кога се подготвувате да се венчате, животот со вашите прекрасни деца не престанува.“
11. Нешто што доилките не сакаат да го слушнат
Жените кои дојат во јавност постојано се соочени со погледи и туѓи мислења, а на фотографот и мајка, Ники Кејлор, веќе ѝ било доста од тоа. Таа собрала неколку мајки и ги замолила да напишат што им велеле другите додека доеле во јавност. Ова е една од фотографиите од проектот каде што мајката добила „совет“ да користи ќебе.
12. Три генерации
Фотографот и мајката на две, Ивет Ивенс, сака да прави фотографии со доење. Таа дури има издадено и книга со наслов „Божици кои дојат“ (Breastfeeding Goddesses). Иако има направено многу фотографии, оваа е можеби најдобрата.
13. Искрен хаос
Ана Вајтхаус, мајката на две дечиња е навистина искрена.
„Сè уште се држиме заедно со една тенка нишка. Ги паметам деновите кога се чувствував навистина изморено.“
14. Кога работите ќе тргнат на лошо
Има многу фотографии со доење кои ја доловуваат убавината на тој момент. Но ова е лицето на мајка која поминува низ многу за да го нахрани своето малечко.
„Ќе го кажам ова во име на сите. Доењето е тешко. Многу, многу тешко. Несигурноста, одговорноста, посветувањето, неудобноста се само некои од проблемите. На мајките им е потребна целата поддршка што можат да ја добијат. Па мајки, го слушате ова од мене, не полудувате, тешко е, но правите одлична работа. Продолжете! Постојат гласини дека станува полесно.“