Најмалото девојче на светот со најголемата приказна за раскажување - Part 2

Најмалото девојче на светот со најголемата приказна за раскажување

Медицинските тестови утврдиле дека Шарлот има генетска аномалија која ја имаат само 100 луѓе во целиот свет. Ова нарушување е карактеризирано со намален раст, абнормален раст на коски, мала глава, аномалии на мозокот и уникатни карактеристики на лицето. Некои од другите знаци се сува кожа, дислоцирани колкови и лакти, кратки екстремитети, ретка коса, интелектуален хендикеп и напади.

Докторите не биле сигурни дали Шарлот воопшто ќе го дочека нејзиниот прв роденден. Но, ова девојче имало огромна желба за живот. Ема ја облекувала ќерка си со облека за кукли, ѝ ставала пелени со големина на кредитна картичка и можела да ја носи во џеб.

Единствениот начин на кој Шарлот можела да јаде бил преку цевка во стомакот бидејќи била премногу малечка за цврста храна. Исто така имала циста на црниот дроб и слаб имунитет. Менталниот и физичкиот развој на Шарлот исто така биле забавени. Но нејзините родители даваат сè од себе за таа да има нормален живот.

Со текот на времето Шарлот докажала дека сепак не е толку нежна, иако изгледа како порцеланска кукла. Нејзината постара сестра изјавила дека многу луѓе се плашеле да ја допрат, но таа била многу активна.

Кога имала 5 години, Шарлот почнала да оди на училиште. Во 2012-та година била висока само 68 центиметри и тежела 4 килограми. Нејзината мајка изјавила дека иако е мала, има огромно срце и сака да прави сè што прави и еден обичен 5-годишник.

За жал, очекуваниот животен век на луѓето со овој деформитет е околу 30 години. Сепак, нејзините родители се обидуваат да ја искористат секоја секунда.

Знаете ли за неверојатната средба помеѓу највисокиот маж и најниската жена на светот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар