Најмалите држави во светот кои веројатно не знаевте дека постојат - Part 2

Најмалите држави во светот кои веројатно не знаевте дека постојат

6. Науру

Површина: 21 километар квадратен
Население: 9.591

Ова е најмалата независна република и најмалата држава на планетата. Науру нема главен град, ниту пак систем за транспорт. Целото население се движи низ државата со свои возила. Природните проблеми ја прават оваа држава многу непопуларна кај туристите. Друг „рекорд“ кој го држи Науру е бројот на дебели луѓе: Повеќе од 70% од населението спаѓа во оваа група.

7. Кнежевство Себорга

Површина 4,91 километар квадратен
Население: 312

Државата се наоѓа на територијата на Италија и е водена од Марчело Први. Кнежевството е всушност село кое се наоѓа во близина на границата со Франција. Оваа непризната држава има и сопствена армија која е составена од тројца луѓе: Министерот за одбрана и двајца гранични чувари.

8. Република Молосија

Површина: 0,055 километри квадратни
Население: 7

Самопрогласената република е основана од Кевин Бо и се наоѓа во Невада, САД. Населението го сочинуваат Кевин Бо, неговото семејство, 3 кучиња, 1 мачка и 1 зајак. Молосија има сопствена химна, грб и знаме. Тие дури имаат и смртна казна за сериозните кривични дела. Имаат свои пасоши па дури и вселенска програма. Во мај 2017 година, државата наполни 40 години.

9. Суверен Воен Ред на Малта

Површина: 0,012 километри квадратни
Население: 113.500

Покрај Ватикан, во Рим има уште една мала држава. Државата ја сочинуваат три згради, од кои двете се во Рим, а третата е на територијата на Малта. Државата има своја валута, поштенски марки и пасоши. Граѓаните имаат право да патуваат во неколку земји низ светот без виза. Ова е единствената држава во која официјалниот јазик е латинскиот.

10. Кнежевството Силенд

Површина: 0,004 километри квадратни
Население: 27

Оваа непризната држава претставува морска платформа лоцирана на околу 10 километри од брегот на Велика Британија. Државата ја води самопрогласен принц регент и секој може да стане гроф, војвода или барон. Титулата можете да си ја купите за неколку британски фунти на веб-сајтот на државата.

Погледнете и кои се најсреќните држави во светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар