Најголемите туристички атракции: 5 колосални градби ширум светот

Најголемите туристички атракции: 5 колосални градби ширум светот

Дали знаете кои се најимпозантните градби во светот, кои со текот на времето станале симболи на градовите и земјите во кои се наоѓаат? Откријте некои од највисоките, најдолгите или најскапите објекти кои постојат ширум светот и кои и до ден денес привлекуваат туристи од сите краишта.

1. Колосеум (Рим)

Најголеми туристички атракции: 5 колосални градби ширум светот

Колосеумот е најголемиот амфитеатар во светот кој може да собере и до 50.000 посетители. Тој е висок 48 метри, а завршен е во 80-тата година во новата ера. Тогаш царот Тит Флавиј Веспазијан во чест на отворањето на Колосеумот организирал две поморски борби.

2. Кеопсовата пирамида во Гиза (Египет)

Најголеми туристички атракции: 5 колосални градби ширум светот

Оваа градба е позната и како Големата пирамида, а се претпоставува дека е завршена околу 2.560 години пред нашата ера. Таа таа била висока 147 метри и повеќе од 3.800 години важела за највисоката градба во светот. За да се изгради оваа структура тешка 5.75 милиони тона, биле потребни околу 2,3 милиони камени блокови.

3. Сиднејската опера (Сиднеј)

Најголеми туристички атракции: 5 колосални градби ширум светот

Кога архитектот се пријавил на конкурсот за дизајнирање на оперската куќа, тој до тогаш никогаш не го посетил тоа место. Сиднејската опера е завршена во 1943 година, а нејзината должина е 185 метри. Секоја година таа е осветлена од 15.500 сијалици.

4. Таџ Махал (Агра)

Најголеми туристички атракции: 5 колосални градби ширум светот

Кога могулскиот цар Шах Џахан ја изгубил својата омилена сопруга додека на свет го донесувала нивното четиринаесетто дете, тој ѝ го изградил овој неверојатен мавзолеј висок 73 метри. За денес Таџ Махал да се заштити од загадување, околу него е дефинирано подрачје од околу 10.400 квадратни километри.

5. Статуа на слободата (Њујорк)

Најголеми туристички атракции: 5 колосални градби ширум светот

Статуата на слободата е еден од симболите на САД, која е висока 93 метри, а нејзината изградба е завршена во 1886 година. Франција ѝ ја подарила оваа статуа на Америка точно 100 години по американската декларација на независност. Се проценува дека Статуата на слободата е погодена од 600 молњи секоја година откако е изградена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар