Најчудните знамиња кои постојат ширум светот - Part 2

Најчудните знамиња кои постојат ширум светот

Кенија

Најчудните знамиња кои постојат ширум светот

Штитот кој презема централно место на знамето ја претставува одбраната на оваа земја. Црната боја го симболизира народот во Кенија, црвената е за крвта пролиена во текот на борбата за независност, а зелената се однесува на пејзажите на оваа земја.

Островот Ман

Најчудните знамиња кои постојат ширум светот

Знамето на островот Ман, кој е сместен помеѓу Велика Британија и Ирска, покажува три човечки нозе. Ова знаме е базирано на грбот на последниот викиншки крал, Магнус III, а симболот води потекло од древниот келтски симбол на сонцето.

Уганда

Најчудните знамиња кои постојат ширум светот

Централниот дел на знамето на Уганда го зазема сивиот жерав кој е национален симбол на оваа земја, а подигнатата нога на птицата го симболизира напредокот на Уганда. Црната лента го симболизира народот во оваа земја, жолтата е за африканското сонце, додека пак црвената е симбол на африканското богатство.

Саудиска Арабија

Најчудните знамиња кои постојат ширум светот

Саудиска Арабија е уште една земја која на своето национално знаме има оружје. Зелената позадина на знамето го претставува исламот, мечот ја симболизира воената моќ, но и династијата Сауд која е основач на оваа држава. Натписот над мечот е Шехадет, темел на исламското верување.

Еквадор

Најчудните знамиња кои постојат ширум светот

Националното знаме на Еквадор се состои од три бои во позадината и сложен грб кој го зазема централното место. На него се наоѓа планина (Чимборазо, највисоката планина во Еквадор), река, пароброд, сонце, копја, лисја од лавор и палми, како и некои други објекти кои се однесуваат на оваа земја. На врвот на знамето стои кондор кој е симбол на моќта на Еквадор.

Погледнете уште „чудни“ знамиња на наредната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар