Најчудните 10 теории на заговор за Ареа 51 - Part 2

Најчудните 10 теории на заговор за Ареа 51

6. Има подземен бункер од 40 ката и други „луди“ градби

(7)10-teorii-na-zagovor-od-area-51-kafepauza.mk

Со децении владата прави сè за да скрие што всушност се случува во Ареа 51. Тие дури го спречиле објавувањето на сателитска снимка од регионот во 1974 година.

Некои теории на заговор велат дека базата има многу лажни згради за да ги скријат леталата кога над нив поминува сателит. Други пак тврдат дека целата база е скриена под земја и дека има околу 40 нивоа кои се наоѓаат под површината.

7. Базата е дом на црните хеликоптери

(8)10-teorii-na-zagovor-od-area-51-kafepauza.mk

Според теориите на заговор, Ареа 51 е „фабриката“ за не толку познатите црни хеликоптери на американската влада. Нивната намена е да вршат „злобни“ мисии, како што е испуштање на отровни хемикалии врз некои соседства. Постојат и луѓе кои тврдат дека биле киднапирани од овие хеликоптери, а потоа им биле предадени на вонземјани. Ова би требало да ја потврди теоријата дека вонземјаните и човечката елита имаат некаква врска. Интересно како сето ова се совпаѓа, нели?

Изгледа дека во оваа теорија има барем малку вистина. Технологијата која била користена за рацијата на скривалиштето на Бин Ладен, била развиена во 1990-тите во Ареа 51. Исто така овде навистина биле тестирани летала со чудесни способности.

8. Овде се одгледуваат хибриди од луѓе и вонземјани

(9)10-teorii-na-zagovor-od-area-51-kafepauza.mk

Иако владата на САД ја контролира оваа база, тоа не ги спречува љубителите на заговори да мислат дека вонземјани соработуваат со владата или пак тие ја водат целата база. Но зошто би го правеле ова? Еден од сомнежите е дека овде има лаборатории во кои се обидуваат да создадат хибриди од луѓе и вонземјани. Некои тврдат дека целта за ова вкрстување е да се создадат водачи на „новиот светски поредок“ кои ќе изгледаат како обични луѓе но ќе поседуваат ментални „моќи“ наследени од вонземјаните.

Други луѓе мислат дека вонземјаните имаат уште полоша цел. Можеби овие хибриди ги користат за снабдување со органи.

9. Се тестираат оружја за манипулирање на временските услови

(10)10-teorii-na-zagovor-od-area-51-kafepauza.mk

Кога ќе комбинирате две популарни теории на заговор – чудните случувања во Ареа 51 и желбата на владата да ги контролира временските услови, го добивате токму ова. Оваа теорија на заговор можеби потекнува од некоја вистина. Војската на САД навистина направила истражување во доцните 1940-ти со цел да открие како да ги модифицира облаците и да го искористи дождот како оружје. Помеѓу 1962 и 1983 постоел проект наречен „STORMFURY“ каде што научниците се обидувале да ги забават ветровите на ураганите, но без успех.

10. Ништо не се случува овде

(11)10-teorii-na-zagovor-od-area-51-kafepauza.mk

Што ако сите случувања во Ареа 51 се една голема лага и владата веќе ги преместила своите „тајни проекти“ на некое друго место? Можеби суптилно ја охрабруваат јавноста да се интересира за Ареа 51 со тоа одвраќајќи го вниманието од вистинското место.

Но ова не е сè. Британскиот новинар Марк Пилкинтон смета дека сите верници во теориите за НЛО биле жртви на пропаганда која сè уште трае. Тој тврди дека низ годините воздушната сила на САД тивко работела за да го рашири верувањето дека различни НЛО се срушиле на американска почва и дека владата работи со напредна вонземска технологија. Целта на ова било да се одврати вниманието од вистинските експериментирања со шпионски летала и технологија. Тој вели дека воздушната сила собирала извештаи за НЛО и потоа ги споредувала со распоредот на шпионските летала У-2 со цел да видат дали леталото е видливо за набљудувачите на земјата.

Погледнете и кои теории на заговор се покажале како вистинити.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар