Најбизарните методи на контрацепција што ги користеле жените во минатото

Најбизарните методи на контрацепција што ги користеле жените во минатото

Многу години пред да бидат измислени антибеби таблетите и кондомите, жените измислувале најразлични начини за да се заштита од несаканата бременост. Под влијание на околните озборувања и нагаѓања, тие ставале чудни предмети во нивната вагина поради што неретко завршувале во болница. Во продолжение прочитајте ги најбизарните методи на контрацепција што жените ги користеле во минатото…

Најбизарните методи на контрацепција што ги користеле жените во минатото

1. Задржување на воздухот. Жените верувале дека доколку го задржат воздухот за време на односот и кивнат откако тој ќе заврши, тие нема да можат да забременат.

2. Сунѓер потопен со лимон. Се верувало дека доколку го нанесете сунѓерот со лимон во вашата вагина, киселоста ќе ја спречи бременоста. Казанова дури ги убедувал жените да ставаат половина лимон во вагината, бидејќи верувал дека тој функционира исто како денешната дијафрагма.

3. Метални и пластични мали капачиња, напрстоци. Жените од 1800-тите години цврсто верувале дека тие ќе им помогнат да ја спречат несаканата бременост.

4. Измет од крокодил со мед. Во антички Египет жените биле подготвени да прават сешто за да ја спречат несаканата бременост.

5. Чај од тестиси на дабар. Пред стотици години во денешна Канада, жените правеле пијалак од исушени тестиси од дабар за да се заштитат.

6. Жива Со оглед на тоа што живата е отровна, жените најчесто умирале од овој метод.

7. Памук потопен во сок од урми. Овој памук се нанесувал длабоко во вагината и служел како еден вид примитивна дијафрагма.

8. Остаток од работата на ковачите. Во античка Грција се верувало дека водата што била употребувана од ковачите за време на нивната работа може да ја спречи бременоста. Жените дури се изложувале и на олово за да се заштитат од забременување.

9. Кока-кола. Во 1950-тите години некој добил луда идеја дека јаглеродните киселини можат да ги уништат сперматозоидите пред тие да стигнат до својата цел.

10. Тестиси од јазовец. Жените носеле накит направен од тестиси од јазовец бидејќи верувале дека ова ќе ја спречи несаканата бременост.

Погледнете го и видеото за да дознаете повеќе за чудните методи на контрацепција кои никако не смеете да ги применувате, бидејќи се многу опасни…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар