Девојка ненадејно добила амнезија, па нејзиното момче одново ја натерало да се заљуби во него
Минатата година, Џесика Шарман и Рич Бишоп биле како и секој друг млад заљубен пар. Но, еден ден, сѐ се променило. Џесика и Рич, кои тогаш биле 7 месеци заедно, патувале со воз од Кент за Лондон, каде што работеле и двајцата. Како што се приближувале до дестинацијата, Џесика доживеала страшни низа напади, кои резултирале со губење на меморијата.
Откако стигнале на станицата, Рич ѝ помогнал на својата девојка да пристигне до нивното работно место, каде што ги чекала нејзината мајка. Но, во тој момент ја сфатиле шокантната реалност: Таа немала поим кои се тие.
„Сега се сеќавам дека видов жена која трча кон мене, но немав поим која беше таа“, објаснила девојката. „Таа ме прегрнуваше и ме прашуваше дали сум добро, но јас само празно гледав во неа. Таа ми велеше дека е моја мајка.“
Лиза, мајката на Џесика, ја убедувала нејзината ќерка дека тие се во сродство, покажувајќи ѝ фотографии каде што се сликани заедно на нејзиниот телефон. За ова, Џесика рекла:
„Немав поим како изгледав, па морав да го испитам мојот одраз за да проверам дали одговарам со личноста на фотографиите, пред да се согласам да влезам во автомобилот.“
Таа исто така не успеала ниту да го препознае своето име кога ѝ се обратиле нејзините родители. Откако ја однеле дома, семејството на Џесика и нејзиното момче очајно се обидувале да ја потсетат на минатото, употребувајќи фотографии, приказни, па дури и прошетка низ нејзината куќа.
Ништо не помагало, па нејзините родители ја однеле во болница, каде што ѝ била дијагностицирана амнезија, предизвикана од епилепсија, состојба од која таа страдала од нејзината 14-та година. За време на сите случувања, Рич никогаш не ја оставил, иако таа се колебала да му даде шанса на овој „странец“.
„Не го познавам, но тој се однесуваше како да сме биле заљубени“, се присеќава таа. „Па, две недели подоцна, се обидов да ѝ ставам крај на врската. Тој изгледаше многу повреден и вети дека ќе ми помогне да се сетам колку прекрасно ни беше заедно. Гледајќи колку е полн со страст и грижа, тој конечно ме убеди дека мора да се грижи за мене, па јас се согласив.“
Преминете на наредната страница за да продолжите со читање на оваа неверојатна и искрена приказна…