Моќна кампања на National Geographic за загадувањето со пластика
Овие моќни и срцепарателни фотографии живописно ја илустрираат штетата направена од 9-те милиони тони пластика кои завршуваат во природата. Научниците и истражувачите од списанието се надеваат дека конечно ќе ги пополнат празнините во знаењето за влијанието на пластиката која се разградува во микроскопски честички и навлегува во нашиот синџир на исхрана.
„Веќе 130 години, National Geographic ги документира приказните на нашата планета, овозможувајќи ѝ на публиката од целиот свет да ја види неверојатната убавина на светот, како и заканите со кои се соочува“, изјавил Гери Е. Кнел, извршен директор на списанието.
„Секој ден нашите истражувачи и фотографи од прва рака сведочат на ужасното влијание на пластиката за една употреба, а ситуацијата станува навистина лоша. Преку оваа иницијатива ги споделуваме приказните за оваа криза, ја споделуваме преку наука и истражувања и ја учиме публиката за тоа како да ја елиминира пластиката за една употреба.“
Продолжува на следната страница…