Мистериозни технологии и пронајдоци кои се изгубени низ историјата
Римски бетон
Многу римски градби сè уште се во изненадувачки добра состојба. Дури и нивните древни пристаништа се држат добро иако се удирани од морето веќе 2.000 години. Римскиот бетон е најиздржливиот цемент и во неговиот состав спаѓа вулканска пепел која го спречува напукнувањето на материјалот. За разлика од римскиот, бетонот кој се користи денес се троши од морската вода за само половина век, а неговото производство троши повеќе енергија. Ако римскиот бетон може повторно да се направи, целосно ќе го замени модерниот цемент.
Теоријата на заговор за ладна фузија
Јуџин Малов бил професор и научник. Тој бил и значителен поддржувач на истражувањето за ладна фузија. Ладната фузија е вид енергија генерирана од интеракцијата на водород со различни метали. Една од книгите на Малов опишува експеримент од 1989 година. Тој тврди дека имало појава на енергија во неколку обиди и дека неговите пронајдоци биле згушени од обичните физичари. Додека го чистел својот дом од детството во 2004 година, Малов бил убиен. Никој после него не успеал да ја документира ладната фузија.
Смртоносниот зрак на Тесла
Тесла тврдел дека работи на оружје со насочена енергија речиси 40 години. Во 1937 година тој рекол: „Не е експеримент… Го изградив, демонстрирав и го искористив. За кратко време ќе му го покажам и на светот.“ Околу овој период Тесла изградил нешто што наликувало на ласерски забрзувач на честички. Со овој изум тој го привлекол вниманието на армијата на САД кажувајќи дека ова оружје може да руши авион.
Старлајт
Во 1970-тите, хемичарот аматер Морис Ворд бил зафатен со создавање сопствени продукти за коса. Наместо тоа, тој по грешка создал материјал отпорен на топлина, наречен старлајт. Теоретски, овој материјал би можел да го заштити човековото тело дури и од топлината од нуклеарна експлозија. Ворд бил многу заштитнички настроен кон својот изум, па тој никогаш не допрел до јавноста. Тој умрел во 2011 година без да склучи договор со некоја фирма за да го донесе материјалот на пазарот. Некои тврдат дека старлајтот бил саботиран или купен од американската влада. И покрај интересот на НАСА и други важни технолошки компании, Ворд никогаш не го открил составот на старлајтот кој и денес останува непознат.
Архимедовиот оган
Архимед од Сиракуза бил роден во 287 п.н.е. и бил еден од најдобрите математичари низ историјата. Користејќи огледала, тој можел да ги запали бродовите на кој било непријател на Сиракуза. Бродовите биле запалени во секунда. Разбивачите на митови (The Mythbusters) се обиделе да го направат овој изум, но имале проблем со насочување на светлината од огледалото во точка доволно мала за да почне оган. Сепак, во 2005 година група студенти од МИТ речиси целосно го рекреирале овој оган.