Мистериозни природни феномени кои докажуваат дека планетата Земја е полна со изненадувања
Самовили
Некои луѓе мислеле дека оваа црвена и сина светлина што се појавува на големи височини е вселенски брод. Но, откако феноменот бил „фатен“ на камера во 1989 година, научниците докажале дека самовилите се „далечни роднини“ на молњите.
Црвена плима
Црвената плима настанува поради големиот број мали црвени алги што се наоѓаат блиску до водната површина. Црвената плима е опасна за морските суштества, бидејќи количината на кислород во водата се намалува, а количината на водород сулфид и амонијак се зголемува. Многу научници ја поврзуваат црвената плима со првата чума во Египет кога реката Нил станала црвена како крв и ги убила сите риби.
Сеништето од Брокен
Доколку отидете на планина и го тргнете погледот од сонцето, понекогаш ќе можете да видите сенка од џин опкружена со ореол во боите на виножитото. Тоа е всушност сенката на самиот набљудувач што се одразува во маглата. Ситните капки ја кршат светлината и на тој начин се формира ореол околу сенката. Овој феномен најчесто се случува на планината Брокен во Германија. Порано, луѓето мислеле дека тоа е дело на вештерките кои се појавувале на Валпургиската ноќ.
Сакате да дознаете повеќе феномени? Преминете на следната страница!