Мисли што секому му поминуваат низ глава на новото работно место
6. „Се прашувам дали и овие колеги јадат исто толку слатки работи како и претходните…“
Вие и вашите претходни колеги сте имале навика секојдневно да имате нешто благо за јадење со себе за да ја вратите енергијата. Не би било лошо оваа традиција да ја продолжите и овде.
7. „Дали некогаш ќе бидам во можност да ја покажам мојата невкусна смисла за хумор пред новите колеги?“
Вие сакате да откриете дали вашите колеги имаат смисла за хумор, па набргу да можете да им испратите некоја чудна фотографија на Фејсбук.
8. „Господе, се чувствувам како повторно да имам 12 години“
Со кој треба да седите за време на ручекот? Дали секој веќе се има спријателено со секој? Дали некој потајно ве мрази вас и вашите нови работни панталони?
9. „На некој начин навистина посакувам да имам 12 години“
12-годишните деца не треба да се соочуваат со нови работни места, нови колеги и нови неизвесности. Тие само одат во училиште и не треба да бараат начини да бидат финансиски независни.
10. „Каква е праксата за пиење кафе во оваа компанија?“
Секаде е различно, па се прашувате дали откако ќе земете кафе за себе, треба да им понудите и на вашите колеги, дали има некој задолжен за ова, дали имаат некој ред меѓу себе…
11. „Мислам дека најверојатно ќе бидам погоден/погодна за оваа позиција“
Го запаметивте името на момчето кое секојдневно доцни на работа, а и одговоривте на еден телефонски повик без да имате трема… Веќе решивте еден проблем. Само напред!