Мажот кој поминал 5 месеци пливајќи околу Велика Британија го сподели неговото искуство
За време на ова пливање, Рос срушил 4 светски рекорди – тој е првата личност што го има препливано целиот Јужен брег на Велика Британија, ова е најдолгото пливање на светот, тој е најбрзата личност на светот што препливала од Лендс Енд до Џон О’Гроутс и тој е првата личност што пливала околу Велика Британија.
За да има доволно енергија за пливањето, секојдневно морал да консумира по 15.000 калории.
Но предизвиците не завршиле со пливањето. Проблеми имало и откако Рос се вратил на брегот.
„Засега најголемиот предизвик ми е повторно да научам да одам! Мојот најголем страв беше дека кога излегував од водата ќе паднам. Немав застанато на копно над 5 месеци, тетивите и лигаментите во стапалата ми се заспани, па едноставно треба да научам повторно да одам. Иако ова ќе звучи чудно, сè уште не ми здодеало пливањето. Се спомнаа неколку долги пливања и ова најверојатно е периодот кога ќе бидам во најдобра форма, па којзнае.“
Прочитајте ги и приказните на овие луѓе кои докажале дека и невозможното е возможно.