Математички трик кој го освои светот: Кој број чевли носите и колку години имате?

Математички трик кој го освои светот: Кој број чевли носите и колку години имате?

Бројките можат да бидат многу интересни, особено кога си играте со нив. Токму затоа и ви го претставуваме овој математички трик кој веќе некое време кружи по социјалните мрежи.

Математички трик кој го освои светот: Кој број чевли носите и колку години имате?

Станува збор за математичка постапка која ќе ви открие кој број чевли носите и точно колку години имате. Единственото нешто кое е потребно за да ги добиете точните броеви е уште да го немате прославено роденденот од оваа година. Со оглед на тоа што 2016-та само што почна, постојат мали шанси за тоа да се случи.

Првото нешто што треба да го направите е да го внесете бројот на чевлите кои ги носите во калкулатор. Потоа помножете ги со 5 и на тој износ додајте 50. Добиениот резултат помножете го со 20, а потоа додајте го и бројот 1015. Од добиената вредност одземете ја годината кога сте родени и во резултатот ќе го најдете бројот на вашите чевли (првите 2 бројки) и точниот број години (вторите 2 бројки од добиениот број).

Пишете ни дали овој трик успеал и со вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар