Луѓето кои размислуваат позитивно секогаш се опкружени со голем број на пријатели

Луѓето кои размислуваат позитивно секогаш се опкружени со голем број пријатели

Сигурно сте веќе свесни дека доколку ги негувате позитивните мисли, тоа може да има големо влијание на вашето расположение, но и на односите што ги остварувате со другите луѓе. Ова се неколкуте причини зошто луѓето кои размислуваат позитивно имаат широк круг пријатели и одлично се снаоѓаат на секое поле во животот…

Луѓето кои размислуваат позитивно секогаш се опкружени со голем круг на пријатели

Секогаш привлекуваат добри односи

Негативното размислување предизвикува ниска самодоверба и може да ве попречи во остварувањето на сопствените цели. Јасната и доследна визуелизација, како и уживањето во односите со другите може да биде моќен поттик за стекнување самодоверба кога станува збор за комуникација со луѓе. Ако сакате повеќе да се поврзете со луѓето околу вас започнете да си кажувате позитивни афирмации, дека вие ги заслужувате тие врски и активно замислувајте ги добрите меѓусебни односи.

Пронаоѓаат конструктивни решенија

Секој понекогаш доаѓа до конфликт со своите блиски, но ако имате позитивен став кон животот и љубовта тогаш големи се шансите дека ќе размислувате конструктивно кога ќе се соочите со неволји. Без разлика дали стресот е предизвикан од некои надворешни фактори или произлегува од некој проблем во комуникацијата внатре во врската, првиот чекор кон трајната промена е вербата во тоа дека работите можат да се подобрат. Ова се однесува на сите односи во вашиот живот било да се работи за вашиот работодавец или колега. На секое поле од животот мора да покажете одлучност. Не се опседнувајте со проблемот. Прво утврдете го, а потоа целата ваша енергија насочете ја кон тоа да пронајдете решение.

Кога разговарате со другите за некој проблем, секогаш гледајте да дадете коментар кој влева надеж. Наместо да кажете „Не знам како ќе ја надминеме оваа ситуација!“, кажете нешто како „Решението на проблемов изгледа како голем предизвик, но ние ќе работиме заедно и ќе пронајдеме решение кое ни одговара и на двајцата“.

Покажуваат поголема емпатија

Позитивниот став, освен тоа што води до решението, ви помага да ја разберете туѓата перспектива и да покажете безусловна почит. Оваа карактеристика е особено корисна во љубовните односи, кога вашата способност да ја согледате вредноста и важноста на туѓата перспектива ќе ве доведе до подобра и поцврста емоционална интимност. Едноставните работи можат да ви помогнат да покажете поголема сочувствителност за вашиот партнер, како на пример некој грижлив коментар доколку сметате дека можеби сте кажале нешто непромислено.

Пријатни се за во друштво

Сигурно сте забележале колку е напорно да се биде со некој кој на сѐ гледа негативно. Од друга страна, пак, кога поминувате време со позитивна личност која со восхит гледа на светот и верува дека можете да постигнете сѐ што ќе посакате, веднаш се полните со енергија и добивате мотивација. Доколку размислувате позитивно, вашите најмили и вашите колеги ќе бидат среќни во вашето друштво и секогаш ќе ви се обраќаат за совет. Нареден пат кога ќе се дружите со некого, поставете си цел да дадете барем два искрени комплименти и три мотивирачки забелешки. Ќе видите како веднаш ќе станете омилената личност во вашето друштво, а и самите ќе го смените погледот кон светот кој ќе стане попозитивен и поинспиративен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар