Љубовен квиз: Дали тој е вистинскиот за вас?

Љубовен квиз: Дали тој е вистинскиот за вас?

Доколку сте во нова љубовна врска или пак, сте заедно одредено време, но сè уште не сте сигурни дали тој е вистинскиот за вас, тогаш овој едноставен тест од само 5 прашања може многу да открие за вашата врска. Изберете ги оние одговори кои најмногу одговараат на тврдењето над нив, без премногу да размислувате и потоа пронајдете го соодветниот одговор и откријте каков тип момче имате крај вас.

Љубовен квиз: Дали тој е вистинскиот за вас?

1. Додека се бакнувате, вие:

а) Имате чувство како секој пат да е различно

б) Целосно сте опуштени – како конечно да постои светски мир!

в) Многу малку ви недостасува да почнете да се смеете

2. Како најчесто го поминувате вашето заедничко време?

а) Се гледате откако тој ќе ви пише „Дали си за?“ по што следат 9 емотикони во различни љубовни нијанси

б) Разговарате за дневните случувања, а потоа гледате епизода од вашата омилена ТВ серија

в) Загледани сте во Пинтерест. Поточно, вие го правите тоа. Тој најверојатно е на некој веб-сајт со порно филмови.

3. Вашиот сексуален живот личи на:

а) Џон Мајер и Кејти Пери: непостојан и огнен

б) Мила Кунис и Ештон Качер: сигурен и релативно чест

в) Оливија Поуп и огромна чаша вино: Кој сексуален живот?

4. Најдоброто нешто кај него е:

а) За време на сексот ви кажува колку сте секси. И неговите стомачни мускули!

б) Тоа што прави претерано вкусна пица… Или што редовно ве задоволува во кревет? Тешка одлука.

в) Подготвен е да ви купи тампони кога ќе го замолите.

5. Што мисли вашата најдобра пријателка за него?

а) Го нарекува со погрдни имиња, но таа не го познава добро и затоа не знае што зборува

б) Откако ќе испие чаша бело вино, тврди дека тој е вашата сродна душа

в) Секој пат кога ќе ја прашате за него, таа ја менува темата – чудно

  • Решение:

    Најмногу одговори под А: Момче дух

    Сега го гледате, сега не. Тој се појавува и исчезнува од вашиот живот кога ќе му падне на памет. Можеби ви изгледа како да сте сродни души, но тоа е така само бидејќи често му се губи траг, па вие скоро и да не го познавате. Внимание: Вистинскиот е секогаш расположен да поминувате време заедно.

    Најмногу одговори под Б: Цврст како карпа

    Вие двајца веќе некое време мирно пловите заедно. Тој е посветен на вашата врска и лесно би можел, како што вели Фиби од ТВ серијата „Пријатели“, да биде вашиот јастог. Но, не заборавајте дека одвреме-навреме е неопходна и доза романса, како вечерни излегувања во вашиот омилен ресторан или секс кој трае подолго од 15 минути.

    Најмногу одговори под В: Господин привремен

    Длабоко во себе вие знаете дека тоа не е тоа кога станува збор за овој дечко, но дури и самата помисла на суровата самотија ве ужасува. Знаете што е најстрашно? Кога играте на сигурно со погрешниот маж, сè до бракот и потоа станувате очајна домаќинка која го изневерува својот сопруг со вистинскиот. Соберете храброст и раскинете му пред да биде доцна, сингл животот не мора да значи и осаменост.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар