Квиз: Колкав е вашиот сексуален IQ?
Иако можеби мислите дека сте искусни и сте пробале многу работи во сексот, сепак искуството не гарантира дека сте експерт. Решете го овој квиз и дознајте колку знаете за сексот, а потоа информирајте се со цел да го подигнете вашиот сексуален живот на повисоко ниво.
1. Вашиот/ата партнер/ка не е расположен/а за секс. Кој од следниве трикови ќе го примените?
А) Сеедно, сепак ќе му/ѝ пријдам
Б) Ќе си фантазирам за некоја сексуална сцена
В) Ќе направам романтична атмосфера со миризливи свеќи и секси долна облека и тоа ќе запали
Г) Ќе направам сѐ од ова погоре
2. Идеално време за предигра е:
А) Околу 10 минути
Б) Секоја предигра е ОК
В) Околу 5 минути
Г) Околу 15 минути
3. Најчувствителен дел на машкото тело е:
А) Горниот дел на пенисот
Б) Задникот
В) Пенисот
Г) Тестисите
4. Жените сакаат сексот да трае:
А) 1 час
Б) Барем 5 минути
В) Барем 20 минути
Г) Не е важно колку ќе трае, ниту пак дали ќе жената доживее оргазам
5. За да доживее жената оргазам, потребно е:
А) Долг пенис
Б) Ускладен ритам
В) Длабока пенетрација
Г) Стимулација на клиторисот
6. Машките и женските сексуални вештини се резултат на:
А) Природен талент
Б) Многу пракса со грешки и успеси
В) Читање книги со упатства за сексот и гледање порно филмови
Г) Отворена комуникација
7. Што најчесто го убива либидото?
А) Непокажувањето љубов
Б) Стресот и анксиозноста
В) Досадата заради рутината во сексот
Г) Препуштањето на стихијата
8. Со тек на време вашиот сексуален живот:
А) Ќе оди по надолна линија
Б) Ќе стане помалку возбудлив
В) Ќе стане уште подобар
Г) Ќе стане поредок
Резултати:
1. Точен одговор: Г
Веројатно веќе сте слушнале дека мозокот е вашиот најголем сексуален орган. За да се возбудите, исклучете сѐ што ви пречи однадвор. Според една студија, жените не се возбудуваат сѐ додека партнерот не ги допре.
Точен одговор: А
После долг и напорен работен ден, многу парови веднаш преминуваат на главното. Тоа е грешка. Едно истражување покажало дека и на мажите и на жените им се потребни 11-12 минути за да се возбудат.
3. Точен одговор: А
Целиот горен дел од пенисот е суперчувствителен, но френулумот има најмногу нервни завршетоци. Мануелната или орална стимулација ќе му направи големо задоволство.
4. Точен одговор: Г
Постои заблуда дека жените очекуваат секс кој трае. Еден час водење љубов? Не, никако! Она што ѝ е битно на жената не е издржливоста на нејзиниот партнер, туку квалитетот на сексот. Доколку се чувствува добро и чувствува силна приврзаност за партнерот, тогаш таа е среќна.
5. Точен одговор: Г
Повеќето жени не можат да достигнат кулминација само со пенетрација, туку им е потребна и дополнителна стимулација на клиторисот, без разлика дали директна или индиректна.
6. Точен одговор: Г
Никој не се родил како добар или лош љубовник. Можеби имате некои природни инстинкти да го возбудите партнерот или посебни атлетски способности, но клучот за да бидете добри во сексот е да размислувате за тоа што вашиот/ата партнер/ка сака и што му/ѝ годи.
7. Точен одговор: Б
Стресот го подигнува нивото на кортизол, кој го гаси вашиот центар за сексуалност. Практикувајте длабоко душење и пронајдете некоја активност која ќе ве опушти.
8. Точен одговор: Б
Факт е дека во долгите врски жарта почнува да се гаси. Сепак, колку подобро го познавате вашиот партнер, толку повеќе можете да експериментирате во сексот и да ги поместувате границите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.