Куклица – оживување на старата легенда
Ако ви треба идеја за викенд прошетка, наш предлог е селото Куклица, близу Кратово, каде ќе ги најдете камените кукли. Ова необично место им е познато на странските туристи и како камен град, а крие легенда која ќе ве натера на размислување и ќе ви ја скокотне фантазијата.Најпознатата легенда за ова место вели дека во дамнешно минато, на една свадба во селото Куклица се случила огромна трагедија. Една разочарана и вљубена девојка, била бесна поради тоа што момчето се жени за друга, па ги проколнала. Клетвата ги стигнала на денот на свадбата, кога веселејќи се, сите гости на веселбата, заедно со зетот и невестата, се скамениле. Локалните жители, тврдат дека на секои 5 до 6 години, се појавува по една нова камена кукла.Научниот аспект е сосема спротивен. Научниците тврдат дека камените кукли се создале уште пред да се појави каква било населеност на планетава, и тоа од вертикална ерозија на вулкански карпи.Можеби легендите на народот не се толку логични и не звучат вистинито, сепак секогаш се поинтересни од тврдењата на научниците. Затоа легендата останала и ќе се пренесува од генерации на генерации. Ќе се зборува за разочараната девојка, нејзината клетва и скаменетите свадбари. Местото ќе ве понесе да верувате во оваа легенда, дури и да си ги замислувате лицата на свадбарите и јасно да ги гледате зетот и невестата како стојат еден до друг во прегратка.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
se e toa super, sum bil tamu i e prekrasno ama me nervira toa so nema nisto postaveno za nekoj profit. ova vo razvienite zemji i toa kako ke si go naplatat