Кратка историја на Богородичната црква, најпознатата катедрала во светот - Part 2

Кратка историја на Богородичната црква, најпознатата катедрала во светот

Кратка историја на Нотр Дам, најпознатата катедрала во светот

Катедралата е позната и по фасцинантната фасада на која се наоѓа розета, или розетен прозорец, елемент за декорација во облик на цвет.

Низ историјата, Богородичната црква се соочила со многу непогоди, од кои најлошите биле за време на Француската револуција. Во 19-тиот век започнала последното обновување и реставрирање на катедралата, и тоа благодарение на Виктор Иго кој, со веќе споменатото дело, сакал да ја подигне свеста за ова културно наследство.

Околу катедралата се случувале и настани кои во Франција го промениле текот на историјата, како на пример, крунисувањето на Наполеон Бонапарта во 1804-та година, како и беатификацијата на Јованка Орлеанка во 1909-та. Богородичната црква е една од ретките катедрали на остров, а нејзината местоположба го дава и најромантичниот поглед кон Париз.

Ѓаволска врата

Кратка историја на Нотр Дам, најпознатата катедрала во светот

Според легендата, во 13-тиот век, младиот и амбициозен ковач на железо Бискорнет добил задача да дизајнира и да изработи железни декорации за вратата. Задачата воопшто не била лесна и биле потребни месеци макотрпна работа за да ја заврши. Декорацијата била последниот детаљ на завршената катедрала.

Парижаните веднаш биле освоени од елегантна убавина на делото, а такви комплексни детали дотогаш биле невидени. Но, сè изгледало премногу совршено. Тогаш вербата била составен дел од животот и никој не можел да верува дека младиот занаетчија направил нешто такво. Па, почнале озборувањата.

Низ Париз се раширила приказна дека Бискорнет склучил договор до Ѓаволот, а неговата ненадејна смрт само ја зголемила вербата во гласините. Имено, сите биле сигурни дека Ѓаволот конечно дошол по своето.

Покрај тоа, кога вратата ѝ била претставена на јавноста, наводно самата се отворила кога свештеникот ја испрскал со света вода. Експертите и денес се чудат на способноста на Бискорнет да направи нешто такво, со алатите кои му биле достапни тој период.

Извор на младоста

Кратка историја на Нотр Дам, најпознатата катедрала во светот
Наводно, на фасадата се скриени тајни пораки кои доколку ги дешифрирате, можат да ве однесат до Каменот на мудроста. Каменот на мудроста е алхемиска супстанца која според верувањата, има способност да го претвори обичниот метал во злато. Истовремено, може да служи и како еликсир на младоста кој лекува, подмладува, а понекогаш дава и бесмртност. Кружниот медалјон на главниот влез, наводно го чува тајниот рецепт за Каменот на мудроста.

Неколку интересни факти

Кратка историја на Нотр Дам, најпознатата катедрала во светот

  • Темелот на Богородичната црква е направен во 1163-та година, за време на владеењето на Луј VII. Во овој период се зголемувал бројот на жители во Париз, а градот зајакнувал како политички и економски центар на француското кралство.
  • Градбата продолжила во поголемиот дел од следниот век, а големите реконструкции и додавања се одвивале во 17-ти и 18-ти век. Камените изработки на фасадата и витражите прикажуваат слики и пораки од Библијата.
  • Со градбата доминираат две големи ѕвона од 13-тиот век, а најголемо е ѕвоното наречено Емануел. Во 2013-та година, катедралата добила нови 9 ѕвона чија вкупна тежина е 23 тона. Само Емануел останало како оригинално ѕвоно од 17-тиот век. Новите ѕвона заменија 4 стари кои повеќе не беа тонски усогласени, а се поднесени да звучат слично како Емануел, кое се смета за едно од најубавите ѕвона во светот.
  • До врвот на камбанаријата има 38 скалила кои минуваат низ галерија со химери, грчки митски суштества составени од неколку животни, од кои најпознати се гарголите.
  • Највлијателната личност од францускиот романтизам, Виктор Иго, го сместил неговото ремек-дело „Ѕвонарот на Богородичната црква“ во оваа градба. Приказната се случува во Париз, 1485-та година и раскажува за Квазимодо, кој поради неговиот ужасен изглед, нашол засолниште во црквата. Според книгата се направени неколку играни и анимирани филмови, а веднаш по објавувањето во 1831-ва година, романот доживеал голем успех.
  • Во 2012-та година, Богородичната црква прослави 850 години, а нејзината богата историја беше обележана со концерти и изложби во црквата. Програмата за прославата на „роденденот“ на црквата траеше цела година.

Дознајте нешто повеќе за магичната историја на гарголите на Богородичната црква.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар