Кој од 12-те Јунгови архетипови најдобро ве опишува?
6. Љубовникот
Тип: Душа
Мото: Не си единствениот.
Внатрешна желба: Интимност и искуство.
Цел: Да биде во врска со луѓе, работа и опкружување кои ги сака.
Најголем страв: Осаменост, несаканост.
Стратегија: Да стане што е можно поатрактивен и физички и емоционално.
Слабост: Преголема желба да ги задоволи другите, понекогаш го губи идентитетот.
Талент: Страст, благодарност, ценење и посветеност.
ГРУПА 3: КОПНЕЕЊЕ ЗА РАЈ
7. Невиниот
Тип: Его
Мото: Слободни сме да бидеме јас и ти.
Внатрешна желба: Да стигне во рајот.
Цел: Да биде среќен.
Најголем страв: Казна за правење нешто лошо или грешно.
Стратегија: Да ги поправи работите.
Слабост: Здодевни се поради наивната невиност.
Талент: Верба и оптимизам.
8. Мудрецот
Тип: Личност
Мото: Вистината ќе те ослободи.
Внатрешна желба: Да ја пронајде вистината.
Цел: Да користи интелигенција и анализа за да го разбере светот.
Најголем страв: Да биде измамен и да не знае.
Стратегија: Барање информации и знаење, рефлексија кон себе и разбирање на мисловниот процес.
Слабост: Може засекогаш да им се посвети на деталите, а никогаш да не делува.
Таленти: Мудрост, интелигенција.
9. Истражувачот
Тип: Душа
Мото: Не ме оградувај.
Внатрешна желба: Слободата да открие кој е преку истражување на светот.
Цел: Да искуси подобар, автентичен и исполнет живот.
Најголем страв: Заробеништво, помирување и внатрешна празнина.
Стратегија: Патување, барање и искусување нови работи, бегање од здодевноста.
Слабост: Бесцелно талкање, може да биде неуспешен.
Талент: Автономија, амбиција, искреност кон своето срце.
ГРУПА 4: ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СТРУКТУРА ВО СВЕТОТ
10. Негувателот
Тип: Его
Мото: Сакај го соседот како што се сакаш себеси.
Внатрешна желба: Да ги заштити и да се грижи за другите.
Цел: Да им помага на другите.
Најголем страв: Себичност и неблагодарност.
Стратегија: Правење работи за другите.
Слабост: Мачеништво и експлоатација.
Талент: Сочувство, дарежливост.
11. Управувачот
Тип: Личност
Мото: Моќта не е сè, таа е единственото нешто.
Внатрешна желба: Контрола.
Цел: Да создаде успешно и просперитетно семејство или заедница.
Стратегија: Вежбање моќ.
Најголем страв: Хаос, губење.
Слабост: Авторитативност, неможност за делегирање.
Талент: Одговорност, лидерство.
12. Креаторот
Тип: Душа
Мото: Ако можеш да го замислиш, можеш и да го направиш.
Внатрешна желба: Да создава работи со трајна вредност.
Цел: Да реализира визија.
Најголем страв: Просечни визии или дела.
Стратегија: Развивање уметничка контрола и способност.
Слабости: Перфекционизам, лоши одлуки.
Талент: Креативност и имагинација.