Кои се најлуксузните вкусови во светот и дали би платиле за да ги пробате?
6. Фугу
Фугу е јапонски збор за надуената риба, но и името на рецептот приготвен од месото на оваа риба. Овие риби се смртоносни, па ако не се подготват правилно, оброкот може да биде отровен. Секоја година во Јапонија има по неколку смртни случаи од оваа риба. Јапонските готвачи поминуваат посебна обука за приготвување на овој деликатес.
7. Црн дроб од гуска
Овој специјалитет се подготвува од црниот дроб на гуска или патка. Птиците присилно се хранат со житарици со цевка во нивното грло. Нивниот црн дроб расте многу повеќе од нормалата и содржи многу масти. Текстурата на овој специјалитет е слична на путер. Најчесто се јаде како сиров намаз, но понекогаш се готви со цел да се подобри вкусот. Овој деликатес е опкружен со контроверзија па во некои држави во САД е забранет. Во Европа сè уште го приготвуваат.
8. Јастог
Секоја година јастогот заработува по 1,5 милиони евра во индустријата за морска храна. Јастозите живеат на камено, песочно или калливо дно. Најчестиот јастогот се вари жив и се служи со растопен путер.
9. Мацутаке
Мацутаке е заедничкото име на група печурки од Јапонија. Тие се важен дел од јапонската кујна веќе 1.000 години. Годишната берба во Јапонија резултира со помалку од 1.000 тони печурки, а ова е поради тешкото берење на печурките. На почетокот на сезоната, кога печурките ги има најмногу, може да чинат и до 1.800 евра за килограм.
10. Остриги
Името остриги се користи за неколку разни групи мекотели кои живеат во соленкаста вода. Сите видови остриги може да создаваат бисери, но оние од остригите за јадење немаат вредност на пазарот. Остригите често се служат живи, во нивниот природен сок со парче лимон. Ова јадење многу години се смета за афродизијак.
Дознајте и кои се најскапите течности во светот.