Кога ќе исчезнат важните ресурси и како ќе се справи човештвото?
Бакар: Помеѓу 2043-та и 2078-ма година
Сегашна ситуација
Зголемената побарувачка само го забрзува трошењето на бакарот. Околу третина од бакарот се користи во градежништвото, а производството не може да постигне со побарувачката. Експертите веруваат дека би останале без бакар за 25 години, но други сметаат дека пореално предвидување е 60 години.
План
Намалување на употребата на бакар и барање соодветна замена се најдобрите решенија моментално.
Фосилни горива: 2088-ма година
Сегашна ситуација
Фосилните горива се најупотребуваниот извор на енергија во светот. Нивната популарност има предизвикано низа проблеми како загадување и глобално затоплување. Се верува дека сите извори за фосилни горива би се испразниле за 70 години.
План
Транзицијата кон обновливи извори на енергија е единствената опција за иднината на човештвото. За среќа многу експерти се оптимисти за обновливите извори.
Алуминиум: 2098-ма година
Сегашна ситуација
Алуминиумот се наоѓа во речиси секој дом, но често е дел и од напредните технологии, како авионите. Можно е да останеме без алуминиум за само 80 години.
План
Потребно е или да почнеме со поразумна употреба на алуминиумот или да најдеме материјал со слични својства. Многу научници и инженери работат на алтернативна технологија.
Ураниум: 2248-ма година
Сегашна ситуација
Нуклеарната енергија е важен извор, а новите технологии ја направија побезбедна од кога било порано. Ураниумот е елемент кој најчесто се користи во генерирањето нуклеарна енергија. Еден реактор може да употреби дури 70.000 тони ураниум во само една година. Со оваа брзина најверојатно ќе останеме без ураниум за 230 години.
План
Новите технологии овозможуваат продолжување на векот на ураниумот. Научниците се обидуваат да создадат реактори кои ќе рециклираат, како и технологија за собирање ураниум од морската вода.
Тресет: 4018-та година
Сегашна ситуација
Овој вид почва се формира само на одредена клима, и тоа многу бавно. Дел од почвата стареел изминативе 20.000 години, иако поголемиот дел е стара 8.000 години. Тресетот се користи како вкус за виски, но и како гориво. Засега се смета дека имаме уште 2.000 години пред да останеме без тресет.
План
Засега нема јасен план за решение. Бидејќи тресетот не е витален колку другите ресурси, неговото исчезнување не е преголема закана.
Подземни води: Помеѓу 2088-ма и 2200-та
Сегашна ситуација
Водата покрива околу 71% од Земјината површина. Повеќето од тоа е морска вода, па луѓето можат да користат само 4%. 68% од свежата вода е заробена во глечери и е речиси недостапна. Бидејќи реките припаѓаат на само 1% од вкупната водна површина, многу зависиме од подземните води. Подземната вода не е обновлив извор, а научниците не знаат уште колку вода има останато. Некои веруваат дека можно е да ги истрошиме изворите на подземни води за само 10 години.
План
Нема единствено решение за кризата со водата. Експертите сметаат дека е потребно да научиме како да го ограничиме користењето вода, да создадеме нови технологии за зачувување на водата, да ја рециклираме и слично.
Погледнете и кои работни вештини ќе се бараат во иднина.