Класични мисли од Кери Бредшо во кои ќе се пронајдат сите модерни девојки

Класични мисли од Кери Бредшо во кои ќе се пронајдат сите модерни девојки

Кери Бредшо е еден од оние ликови од малите екрани кој едноставно засекогаш ќе биде дел од нашите мисли. Таа најмногу е позната по фактот дека постојано се води според своите емоции, како и дека го живее животот во целост, искористувајќи го секој дел од него до максимум. Погледнете ги следниве нејзини мисли кои ќе ве насмеат, но и во кои сме сигурни дека лесно ќе се пронајдете…

(1) Класични мисли од Кери Бредшо во кои ќе се пронајдат сите модерни девојки

„Можеби на некои жени не им е судено да бидат скротени.“

„Потрошив 40.000 долари на чевли и сега немам каде да живеам? Дефинитивно ќе бидам една од оние стари жени кои живеат во своите чевли!“

„Ги сакам моите пари онаму каде што можам да ги видам – висејќи во мојот шкаф.“

„Никогаш нема да бидам жената со совршена коса, која носи бела облека и не истура нешто врз неа.“

„Не можев да разберам ниту еден збор од тоа што ми го зборуваше, но чувствував дека знам сè што е италијанско и некогаш би можело да ми притреба: Долче, Долче, Долче.“

„Да се биде сингл, порано значеше дека никој не ве сака, но сега значи дека сте многу секси и дека сте си дозволиле време за да одлучите каков сакате да биде вашиот живот и со кој би сакале да го поминете.“

„Ако никогаш повторно не ми се јави, секогаш ќе се сеќавам пријатно на него, како на идиот.“

„Убавината е минлива, но апартманот под кирија со поглед кон парк е засекогаш.“

„Порано мислев дека оние луѓе кои седат сами во кафуле и пишуваат на својот лаптоп се претенциозни лажливци, но сега знам дека станува збор за луѓе кои неодамна се вселиле со некого.“

„Велат ништо не трае засекогаш, соништата се менуваат, трендовите доаѓаат и си одат, но пријателствата никогаш не излегуваат од мода.“

„Кога знаеме дека куќата секогаш победува, зошто се коцкаме?“

„Ох, Боже, тој е онлајн! Дали може да ме види?“

„Можеби песимизмот е нешто што треба да го нанесуваме дневно, како кремата за лице.“

„Би сакала чизбургер, голем помфрит и коктел космополитан.“

(2) Класични мисли од Кери Бредшо во кои ќе се пронајдат сите модерни девојки

„Имам стил и пантолони со монистри кои не се во мода.“

„Сродни души: Реалност или направа за мачење?“

„Премногу брзо се откривам – јас сум емоционално лесна девојка.“

„Мажите кои изгледаат премногу добро никогаш не се добри во кревет бидејќи едноставно никогаш не мора да бидат.“

„И бевме облечени од глава до пети во љубов… Единствениот бренд кој никогаш нема да излезе од мода.“

„Фактот е дека понекогаш е навистина тешко да одите во чевлите на сингл девојка – токму затоа и одвреме-навреме ни е потребна посебна личност која ќе ни го направи чекорењето малку позабавно.“

„Можете ли да стигнете до иднината ако вашето минато е сегашност?“

„Таму некаде постои уште еден мал чудак кој ќе нè сака, разбира, ќе ги бакнува нашите 3 глави и ќе направи да ни биде многу подобро.“

„Кога станува збор за врски, можеби сите ние живееме под стаклено ѕвоно и затоа не треба да фрламе камења.“

„Животот дава многу шанси да не успеете, што значи дека имате и многу шанси да успеете.“

„Највозбудливата, најпредизвикувачката и најзначајната врска од сите е онаа која ја имате со себе.“

„Во меѓувреме, сè што сакав да направам е да избегам.“

„Зошто поставувањето кравата околу вратот на мажот понекогаш е посекси дури и од нејзиното отстранување?“

„Не заборавајте најпрво да се заљубите во себе!“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар