Кампања го покажува телото на жените после бременост за да им стави крај на нереалните очекувања на новите мајки - Part 2

Кампања го покажува телото на жените после бременост за да им стави крај на нереалните очекувања на новите мајки

Сабра, 10 недели по породувањето

Кампања што го слави телото на жената после бременост со цел да им стави крај на нереалните очекувања на новите мајки

„Чувствував дека овој проект ќе ми помогне да се искажам и да ги инспирирам луѓето за убавите промени во животот и телото на жената кои се случуваат за време на и после бременоста. Се надевам дека ќе им покажам на луѓето дека ова е нормално и дека е дел од убавината да се биде мајка. Сега сум возбудена што сум дел во ваков проект.“

Хариет, 26 недели после породувањето

Кампања што го слави телото на жената после бременост со цел да им стави крај на нереалните очекувања на новите мајки

„Ми се допадна идејата за славење на телата после бременост. Отсекогаш сум имала внатрешна борба со мојата тежина и за тоа како се чувствувам за себе. Како може да го мразам моето тело кога тоа ми го даде моето прекрасно момче? Моето тело направило нешто неверојатно и за мене тоа е најмоќното нешто. Чувствувам дека го правам ова за сите мајки кои носат широки блузи или кои плачат гледајќи се во огледало. Сакам да им кажам: ‘Вие се неверојатни!’“

Софија, 39 недели после породувањето

Кампања што го слави телото на жената после бременост со цел да им стави крај на нереалните очекувања на новите мајки

„Навистина сум возбудена што учествувам во овој проект. Потрошив многу време грижејќи се за тоа како ќе изгледам после бременоста. Бев загрижена за дебелеењето и стриите, најмногу бидејќи многу жени во јавноста изгледаат како да си го враќаат телото брзо. Откако ги родив моите бебиња, открив нова почит за моето тело, дури и со вишокот сало и стриите. Горда сум на она што го постигна со тоа што ги донесе Лили и Елоис во светот. Возбудена сум да бидам дел од проект кој ги слави телата после породување, бидејќи нашите тела се неверојатни!“

Луис, 29 недели после породувањето

Кампања што го слави телото на жената после бременост со цел да им стави крај на нереалните очекувања на новите мајки

„Делумно, сакав да го направам ова за мојата самодоверба, да ги прифатам моите лузни и новиот живот. Исто така за да го привлечам вниманието кон болестите и компликациите после бременоста. Сакав да бидам мајка повеќе отколку што можев да замислам. Почетокот не беше како што се надевав – едвај можев да ја држам првите неколку месеци и морав да лежам во болница… Но преживеав и сега можам да бидам со неа и со мојот сопруг. Прифаќам поразличен живот од очекуваниот. Исто така ги прифаќам моите лузни и дефектот на мојот стомак.“

Доколку сте нова мајка или го очекувате вашето дете, добро е да ги знаете неверојаните промени кои ќе настанат во вашето тело после породувањето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар