Каков е вашиот стил на креативно изразување?
4. Организациски
Вие ја изразувате својата креативност во ситуации во кои можете да организирате и управувате. Сакате од хаос да правите ред. Уживате и горди сте кога готвите, печете колачи, правите распореди или кога ја креирате најсовршената градина која ќе ги роди најдобрите плодови. Вашиот живот се темели на остварување и споделување на она што го имате со другите. Вашиот профил на Пинтерест е организиран и полн со папки кои содржат различни аспекти од вашиот живот.
Вашиот семеен и приватен живот се во трка против вас за да можете да видите колку може да се постигне за еден ден. За вашите забави секогаш се испраќаат совршените покани, се организира најинтересниот тип на забава, се избира совршената музика и рачно се дизајнира храната, а за крајот секогаш имате специјално дизајнирани торбички кои гостите можат да си ги понесат дома. Воглавно, сакате да организирате забави за да им покажете на луѓето што можете да направите. Вие сте оние кои ги организираат пробите на својот бенд, состаноците на работа, посетата до најпознатите знаменитости на туристичките патувања, и вие сте организатор на средбите помеѓу вашето дете и неговите нови другарчиња. Уживате во организирање на најдобрите искуства за себе и за другите. Вашата способност да организирате и да менаџирате е вашата патека за креативно изразување. Вие секогаш сакате да си поставувате цели, да создавате врски и нови проекти. Не сакате да сте сами бидејќи тогаш се имате само самите себеси за да си ги покажете своите вештини.
Ако се чувствувате дека треба да направите пауза… направете ја. Ви треба масажа или одмор или ден за себе како би имале простор за себеанализа? Земете го. Вашиот живот не треба да биде во брзање. Имате можност да си го организирате сопственото време и на тој начин да си помогнете вистински да пораснете како личност однатре.