Каков е вашиот стил на креативно изразување? - Part 3

Каков е вашиот стил на креативно изразување?

2. Визуелно

2-kakov-e-vashiot-stil-na-kreativno-izrazuvanje-kafepauza.mkВашето креативно изразување е во врска со „големата слика“ на нештата. Толку сте визуелни што целиот живот ви се врти околу тоа што гледате и како гледате. Уживате во целиот спектар на бои и текстури околу вас и буквално живеете за да ги доживувате. Вашиот живот е полн со ствари кои сте ги собирале, создале или на кои им се воодушевувате. Зошто да живеете едноставно кога можете да живеете храбро, изразувајќи се преку секоја слика, парче накит или некој друг облик на лично изразување. Сакате да се загледувате во комплексни витражни прозорци, да стоите и да се воодушевувате на некој уличен бенд или да се возите низ градовите кои ги посетувате за да уживате во прекрасната архитектура и природните убавини. Зошто едноставно да се јаде јаболкото само за да ве засити, кога може да се сака и цени овој плод заради неговата убава боја, сјај и совршен облик?

Сѐ лежи во ценењето на нештата и причините поради кои ги цените. Сакате да се воодушевувате на убавината на работите, но исто така сакате и да бидете обожавани. Кога сликате, тоа го правите на најголемото платно кое можете да го најдете и со најсјајните живи бои кои постојат. Кога играте, го заземате целиот простор на подиумот со своите екстравагантни потези со кои ги изненадувате сите околу себе.

Ако мислите дека сте живееле скромно и тивко во последно време, мора да постанете поотворени во однос на изразувањето на она што го гледате и зошто се чувствувате на одреден начин во разни ситуации. Ако правите само мали работи, не сте автентични на себе. Животот е прекраток за да ја потиснувате својата креативност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар