Каков е вашиот стил на креативно изразување?
1. Вокално
Вие креативно се изразувате со својот глас. Многу ви е важно луѓето да ве слушаат и самото она што имате да го кажете. Без разлика дали се работи за раскажување приказна, пеење, разговор во кафуле, разговор со непознати луѓе на улица, кажување на вашите идеи на работа или гостување како предавач на некоја конференција – вашата способност за споделување на својата вокална креативност со светот е токму она што ве возбудува.
Сакате да сте околу други луѓе бидејќи тоа ви овозможува со нив да споделите сѐ што е можно. Вашата потреба за вокално изразување е толку силна, што кога другите немаат волја да ве слушаат, вие се чувствувате непотполни и со скршено срце.
Ако забележувате дека овие денови не се изразувате вокално и слободно, мора да почнете да „зборувате“. Секогаш постои некој кој е подготвен да го слушне она што вие имате да го кажете, дури и ако е тоа на Јутјуб. Баш како и уметничката слика, она што го говорите може да биде изразено на многу различни начини. Погрижете се да бидете опкружени со луѓе кои ве слушаат. Пејте гласно на улица, започнете свој видео блог или аудио поткаст. Вашето вокално изразување е вашата уметност. Немојте да се срамите.