Како се поздравуваат луѓето во различни земји?
Монголија
На гостите во Монголија им се дава хада (церемонијална марама) како подарок. Таа се прима нежно, користејќи ги двете раце додека малку се поклонувате.
Саудиска Арабија
Во Саудиска Арабија луѓето се ракуваат и ги додаваат зборовите „As-salamu alaykum“, што означуваат „Мир за вас“. Тие обично се проследени со допирање на носот на двете личности и ставање на едната рака на рамото на другата личност.
Тувалу
Поздравот на луѓето во Тувалу, полинезиски остров, вклучува длабоко вдишување додека образите се притискаат заедно.
Грција
Поздравот кај грчките мажи вклучува потчукнување по грбот или по рамото со нивниот познаник.
Кенија
Воините од племето Масаи во Кенија ќе ги пречекаат и вклучат новодојдените гости во церемонија на танцување, каде формираат круг и се натпреваруваат кој ќе скокне највисоко.
Малезија
Малезијците обично ги допираат прстите едни со други со двете раце, а потоа ги стават дланките на нивните срца.
Тибет
Луѓето во Тибет малку ги исползуваат своите јазици за да покажат дека не се реинкарнација на некој безмилосен тибетски цар од 9-тиот век кој имал црн јазик.