Како навистина изгледале нашите предци?
7. Жена од древен Рим
Оваа жена е една од 20-те луѓе кои се обиделе да се сокријат од ерупцијата на Везув. Наводно потекувала од богато семејство.
8. Млад маж од Средниот век
Овој маж живеел во Шкотска во Средниот век. Имал помеѓу 13 и 17 години. Најверојатно бил во болница и умрел таму. Научниците го искористиле форензичкото медицинско моделирање за да ги рекреираат мускулите и ткивата на лицето. Користеле компјутерска програма за неговите карактеристики.
9. Ричард Трети, крал на Англија
Кралот на Англија живеел во втората половина од 15-тиот век. Во една Шекспирова драма тој е прикажан како навистина злобна личност. Но, научниците сè уште се расправаат за неговиот карактер. Навистина е тешко да се открие вистината во заплетканите приказни од минатото. Остатоците на кралот биле откриени на еден паркинг пред неколку години. Оваа реконструкција била создадена според неговиот череп.
10. Хенри Четврти, крал на Франција
Хенри живеел околу 1553-1610-тата година и бил нарекуван „добриот крал Хенри“. Тој бил убиен на 57-годишна возраст од фанатик. И неговата реконструкција е направена со помош на компјутерско моделирање според неговиот череп.
11. Јохан Себастијан Бах
Познатиот композиторот живеел во 17-ти и 18-ти век. Зад него оставил над 1.000 музички композиции кои ги содржат сите жанрови од тој период, освен опера. Научниците го рекреирале неговиот изглед според черепот.
12. Максимилијан Робеспјер
Максимилијан бил значајна личност во периодот познат како Владеење на теророт. Бил погубен со гилотина благодарение на неговите претходни следбеници. Научниците направиле реконструкција на неговото лице користејќи ја неговата посмртна маска.
Дознајте и нешто повеќе за чудните работи кои ги правеле нашите предци.