Како навистина изгледале историските личности?
Вилијам Волас во „Храбро срце“
„Храбро срце“ беше номиниран за десет Оскари и победи во пет од тие категории. Како и да е, историчарите нашле некои драматични историски неправилности. На пример, за разлика од карактерот на Мел Гибсон, вистинскиот Сер Вилијам Волас бил шкотски витез и потекнувал од благородничко семејство.
Јованка Орлеанка во „Гласникот: Приказната за Јованка Орлеанка“
И покрај посветеноста на Лук Бесон кон деталите, појавата на Јованка во филмот беше прилично контроверзна. Но, Мила Јовович беше навистина одлична во филмот.
Кралот Артур во „Кралот Артур“
Главниот карактер во овој филм изгледа многу различно од легендарниот британски крал. Според критичарите, филмот исто така е полн со историски недоследности.
Кралот Хенри VIII во „Тудорите“
Како што може да видите од оригиналниот портрет на кралот Хенри VIII од Англија, тој бил многу поголем отколку неговиот телевизиски двојник од серијата „Тудорите“.
Клеопатра во „Астерикс и Обеликс: Мисија Клеопатра“
Клеопатра лесно го освоила срцето на римскиот император Јулиј Цезар и неговиот наследник, Марко Антониј и оттаму се верува дека последната фараонка на Птоломејскиот Египет била екстремно убава. Но, вистината е дека Клеопатра била ситна и не многу атрактивна жена. Иронично, вистински убавици како Вивиен Ли, Софија Лорен, Елизабет Тејлор и Моника Белучи имале можност да ја портретираат оваа историска фигура.