Како изгледале некои од најпознатите древни урнатини во минатото?
5. Анкгор Ват, Сием Реап, Камбоџа
Се претпоставува дека за изградбата на овој комплекс биле потребни околу 30 години. На почетокот зданието било хиндуистички храм посветен на богот Вишну. Кон крајот на 12-тиот век е претворен во будистички храм и се верува дека е најголемата религиозна градба во светот. Оддалеку, Анкгор Ват изгледа како огромна маса камен. Но, внатре ќе ве пречекаат подигнати кули, тераси и дворови на разни нивоа поврзани со скалила. Според реконструкцијата, Анкгор Ват било совршено место за прошетка што ќе ви го избистри умот.
6. Римски Бањи, Бат, Англија
Овој комплекс бањи е совршен пример за луксузниот римски животен стил. Изградени околу 70-та година, овие бањи биле важен дел од секојдневниот живот на Римјаните. На жителите им нуделе можност да се опуштат и да озборуваат, а целата култура на бањите му покажувала на светот колку супериорни биле Римјаните. Големата бања е полна со геотермална топла вода. Иако денес е отворена, во минатото била покриена со покрив кој бил на височина од 45 метри.
7. Подземни простории, Ново Мексико, САД
Овие рушевини биле прв пат откриени во 1859-та година и ни даваат увид во секојдневниот живот на Индијанците Пуебло. Рушевините имаат околу 450 простории и целосно реставрирана кива. Овие простории биле огромни, изградени делумно под земја и биле места за социјални собири. Посетителите можат да ја посетат реставрираната кива следејќи ја оригиналната патека. Ако не можете да го посетите Ново Мексико, оваа реконструкција ќе ви покаже како живеела оваа неверојатна цивилизација.
Погледнете и како навистина изгледале другите светски познати градби.