Како изгледа животот на жена која родила 44 деца? - Part 2

Како изгледа животот на жена која родила 44 деца?

Но Миријам нема време да се сожалува. Целиот живот го посветила на своите деца, овозможувајќи им сè што им е потребно за иднината. Храната претставува најголем трошок за ова големо семејство и секој ден им се потребни 10 килограми пченкарно брашно, 7 килограми грав и 4 килограми шеќер.

Како изгледа животот на жена која родила 44 деца?

Сите деца на Миријам одат на училиште. Едно од првородените близнаци станало медицинска сестра, а другото градежник.

„Се надевам дека децата ќе продолжат со училиште бидејќи сите имаат големи амбиции да бидат лекари, професори и адвокати. Сакам да ги остварат овие соништа, нешто што јас не можев да го направам.“

Како изгледа животот на жена која родила 44 деца?

За да ги покрие трошоците, Миријам морала да научи многу разни вештини. Таа собира локални тревки и ги продава, прави слатки, реди тули, прави фризури и организира и декорира настани.

„Знам дека овие деца се дар од Бог и дека мора да ги ценам, па го давам најдоброто од себе за да се грижам за нив.“

Како изгледа животот на жена која родила 44 деца?

Поранешниот новинар на ВВС, Касим Кајира, слушнал за Миријам и го посетил нејзиното неверојатно семејство. Благодарение на него, светот ја слушна нејзината приказна. Миријам има порака за сите родители од нејзината култура:

„Престанете да ги продавате вашите ќерки на мажи за брак. Премногу страдаат и губењето на родителската љубов е нешто од коешто никогаш не можат да закрепнат. Ќе продолжам да се борам за моите деца секогаш да имаат храна. Никогаш нема да ги напуштам, дури и ако секојдневно страдаме.“

Како изгледа животот на жена која родила 44 деца?

Миријам имала совет и за мажите:

„Не заборавајте ја вашата одговорност, бидејќи бракот и гледањето деца се заедничка обврска.“

Животот бил навистина суров кон оваа жена, но благодарение на нејзината посветеност и сила, нејзините деца ќе пораснат во прекрасни возрасни.

Дали имате слушнато за најмладата баба на светот?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Hristina Reply

    Sekoja cest za hrabrosta koja ja ima..

Остави коментар