Како изгледа сместувањето во најдобриот хотел на светот?
Ваш пијалак во барот
Барот на хотелот е исто толку неверојатен како и рестораните. Шанкерите ќе ви направат коктел по ваш вкус од листата на состојки. Исто така секој месец се организираат вечери за вино. Ако не сакате да пиете во барот, можете да го правите тоа и во библиотеката.
Ваш апартман
Во хотелот има 10 апартмани со поглед кон Ајфеловата кула. Ако сте сместени во апартманот, имате многу предности. Овде спаѓа безбеден влез до апартманот, личност која ќе ви го паркира автомобилот, пристап до рестораните и спа центарот. Апартманите имаат и послуга, вклучувајќи чистачка и готвач.
Одлична локација
Хотелот се наоѓа на само еден блок од Шанзелизе, во срцето на Париз. Ова е одлично за гостите кои сакаат да пешачат до омилената локација. Покрај тоа секоја соба има неверојатен поглед на градот.
Ексклузивни тури низ Париз
Хотелот има „врски“, па им овозможува уникатни тури на своите гости кои не се достапни за сите.
Светски спа третман
И во спа центарот ќе најдете само експерти. Тие можат да ја персонализираат посетата за секој гостин. Кога ќе ви биде доста од масажи, можете да се опуштите во базенот или да го посетите фитнес центарот. И двете се отворени 24 часа.
Погледнете и кои се најскапите луксузни хотели во светот.