Како да поминете еден совршен ден во Франкфурт? - Part 2

Како да поминете еден совршен ден во Франкфурт?

14:00

Во градината Зенкенберг се наоѓа многу интересен природно научен музеј, еден од најголемите во светот. Ова е одлично место за семејство, затоа што може да се види најголемата европска изложба на диносауруси и птици и да се добие целосна претстава за диверзитетот во животинското царство.

Како да поминете еден ден во Франкфурт

16:00

Повеќе од 4.500 животни живеат во зоолошката градина која се протега на повеќе од 32.000 хектари. Зоолошката градина е основана во 1858 година, а интересна е по специфичните области како што е куќата Грзимек во која се наоѓа комплетната фауна како на Мадагаскар.

Како да поминете еден совршен ден во Франкфурт?

18:00

Палменгартен е една од најубавите ботанички градини во Германија, која треба да ја посетат сите што ќе се најдат во овој град од пролет до есен. Овде настапувале многу познати светски изведувачи, почнувајќи од Бафало Бил, кој во 1890 година го изведувал шоуто „Дивиот запад“. Покрај разгледувањето на егзотичните билки, може да се изнајми и чамец, да отидете на пикник и да уживате во тишината.

Како да поминете еден совршен ден во Франкфурт?

19:00

Во срцето на Франкфурт се наоѓа зградата на операта. Таа во ренесансниот стил била уништена за време на војната, но сега е една од најубавите во градот.

Како да поминете еден совршен ден во Франкфурт?

20:00

Најпрометната пешачка зона е Хауптваше, затоа што помеѓу историските згради има и ресторани и кафулиња. Интересно е да се види барокна куќа каде што се наоѓал затвор, воен штаб и полициска станица, а сега е кафуле. Овде се наоѓа и подземен трговски центар и безброј места каде може да се купат вкусни колбаси со зелка.

Како да поминете еден совршен ден во Франкфурт?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

  1. Оли Reply

    Го имате заборавено најакиот дел во Франкфурт. Во Заксенхаузн имате стотици пабови. Меѓудругото има и такви со децениска историја кои се надвор од дометот на туристичкиот метеж! 🙂

Остави коментар