Како биле решавани злоделата во древен Египет? - Part 2

Како биле решавани злоделата во древен Египет?

6. Сведоците требало да опишат како ќе бидат осакатени доколку лажат

Како биле решавани злоделата во древен Египет?

Би било навистина лесно да лажат, но последиците од лажењето понекогаш биле полоши од последиците од злоделото. Сведоците требало да кажат дека ако лажат ќе им биде пресечен носот, ушите или нешто слично. Овие закани биле многу чести во древен Египет. Кога сведочат, наместо да се заколнуваат како денес, сведоците давале детален опис на она што ги чека доколку лажат. Мачењето се разликувало во зависност од сериозноста на злоделото.

7. Корупцијата била неконтролирана

Како биле решавани злоделата во древен Египет?

Бидејќи целото ова истражување бара многу работа, постоело причина да се верува дека ако не сте важна личност судот нема премногу да се грижи за вас. Постојат докази дека поткупот и корупцијата биле многу чести во древен Египет, па богатите луѓе можеле да се извлечат со неколку златници.

8. Неверството можело да се казни со смрт

Како биле решавани злоделата во древен Египет?

Судот за развод бил брутален. Во древен Египет секој можел да однесе секого на суд поради неверство. За разлика од повеќето нивни соседи, ова право не им припаѓало само на мажите. И жените можеле да ги судат сопрузите за неверство и да бараат развод. Луѓето дури имале дозвола да ги судат случајните соседи за кои се сомневале дека имаат афера. Казната била навистина строга. Ако жените биле прогласени за виновни за неверство им го сечеле носот или ги гореле живи. Мажите не добивале смртна казна, но можеле да си заработат 1.000 удари со камшик и развод.

9. Дури и невините биле бележани како криминалци

Како биле решавани злоделата во древен Египет?

Поголемиот дел од обвинетите во древен Египет биле осудувани како виновни и само малкумина го напуштиле судот како слободни луѓе. Дури и тогаш не ги оставале на мира. Откако биле прогласувани за невини, се верувало дека сепак направиле нешто погрешно па биле обележувани како криминалци за цел живот.

10. На крај, ѝ дозволувале на статуа да ја донесе пресудата

Како биле решавани злоделата во древен Египет?

Луѓето се справувале со криминалците на спомнатите начини кога Египет бил во своите најдобри денови. Но околу 1000 година п.н.е. тие се откажале од целиот систем и прифатиле нов, сосем луд. Во последните неколку стотици години, свештеничките на Амун презеле поголем дел од државата, вклучувајќи го и правниот систем. Секогаш кога имало некој осуден тие ја донесувале пресудата прашувајќи ја статуата на Амун. Одговорите ги добивале според движењето на статуата. Ако се придвижела напред, тоа значело „Да“. Ако се придвижела назад, тоа значело „Не“. Се разбира, статуата не се движела самата, за тоа бил одговорен човек. Понекогаш дури немало ни истражување на целиот случај.

Погледнете и кои се најголемите нерешени мистерии од древен Египет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар