Каде се наоѓаат најпознатите уметнички дела? - Part 2

Каде се наоѓаат најпознатите уметнички дела?

9. „Градината на земните задоволства“: Прадо, Мадрид, Шпанија

Каде се наоѓаат најпознатите уметнички дела?

Сликата на Хиеронимус Бос е дел од трајната колекција на Прадо. Сликата била кај кралот Филип Втори кој ја купил на аукција во 1591-ва година. За време на шпанската Граѓанска војна била преместена во музејот за да се заштити.

10. „Недела попладне на островот Ла Гранд Жат“: Институтот за уметност во Чикаго, Илиноис

Каде се наоѓаат најпознатите уметнички дела?

Ова е дело на Жорж Пјер Сера и е направено од милиони рачно нацртани точки. Делото секојдневно привлекува многу туристи во музејот.

11. „Ноќни прошетки“: Институтот за уметност во Чикаго, Илиноис

Каде се наоѓаат најпознатите уметнички дела?

Иако Едвард Хопер го поминал целиот живот во Њујорк, домот на ова дело е друг град. Само неколку месеци откако сликата била завршена, таа била продадена на Институт за уметност во Чикаго каде што се наоѓа и денес.

12. „Портретот на Арнолфините“: Национална галерија, Лондон, Велика Британија

Каде се наоѓаат најпознатите уметнички дела?

Ремек-делото на Јан ван Ејк е најдоброто нешто во Националната галерија во Лондон. Сликата е завршена во 1434-та година, и има неверојатни детали, па дури и скриен автопортрет.

13. „Крик“: Национална галерија, Осло, Норвешка

Каде се наоѓаат најпознатите уметнички дела?

Дали знаевте дека постојат четири верзии од делото на Едвард Мунк? Најпознатата верзија се наоѓа во Националната галерија на Норвешка.

14. „Доследноста на сеќавањето“: Музеј за современа уметност, Њујорк, САД

Каде се наоѓаат најпознатите уметнички дела?

Салвадор Дали рекол дека оваа слика е рачно нацртана фотографија од сон. На почетокот сликата се наоѓала во галерија, но од 1934-та година е во Музејот за современа уметност во Њујорк.

15. „Ноќна стража“: Ријксмузеум, Амстердам, Холандија

Каде се наоѓаат најпознатите уметнички дела?

Ова е огромно ремек-дело насликано од познатиот Рембрант. Сликата се наоѓа во музејот од 1885-та година.

16. „Ручек на чамџиите“: Колекцијата Филипс, Вашингтон, САД

Каде се наоѓаат најпознатите уметнички дела?

Во 1923-та година уметничкиот колекционер Данкан Филип ја купил сликата на Пјер Огист Реноар. Тој го опишал делото како „најубавата слика во светот“ и денес таа е изложена во неговата колекција.

Погледнете ги и музеите што можете да ги истражувате без да го напуштите домот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. К Reply

    Не можам да не забележам грешки во буквален превод. Last Supper на македонски е Тајната вечера. Ако имате намера да објавувате сериозни работи и да бидете издржан сајт, мора да внимавате на вакви работи.

Остави коментар