Изненадувачки мистерии што науката не може да ги објасни
6. Колку планети има во Сончевиот систем?
Откако Плутон беше отфрлена како официјална планета, се верува дека околу нашето сонце кружат 8 планети. Но Кајперовиот појас зад Плутон се состои од многу ледени објекти. Научниците откриле илјадници објекти во таа област, некои дури поголеми и од Плутон. Тие исто така забележале и голема дупка во Кајперовиот појас – некоја непозната планета, со големина на Земјата, ги привлекла сите камења од појасот кон неа.
7. Зошто некои луѓе се деснаци, а некои леваци?
Повеќето луѓе (70% до 95%) се деснаци, а само малцинство (5% до 30%) се леваци. Уште помал број од нив можат да ги користат и двете раце на истиот начин. Се верува дека гените имаат одредено влијание, но генот на леваците сè уште не е идентификуван. Социјалната околина исто така може да има влијание, особено во оние ситуации кога децата леваци се намерно притискани да пишуваат со десната, на тој начин станувајќи деснаци.
8. Зошто исчезнала мегафауната?
Гигантите во животинското царство, познати со еден збор и како мегафауна, исчезнале пред околу 10.000 години. Некои веруваат дека промените на климата довеле до нивното изумирање, но не постојат цврсти докази на оваа тема. Според друга тема, животните изумреле од изгладнување. Научниците во Алјаска нашле зачувани мамути чии стомаци биле преполни со несварени зеленила.
9. Зошто сонуваме?
Некои веруваат дека соништата се слики без очигледна поврзаност и мозочни бранови. Други веруваат дека се несвесни желби, нерешени проблеми и искуства. Науката за соништата се нарекува онеирологија, а научниците што ги проучуваат тврдат дека тие симболизираат нешто длабоко скриено во човечката психа, нешто што никој не знае што е.
10. Што е „вселенско рикање“?
Додека ги проучувале младите ѕвезди во 2006 година, научниците чуле мистериозни рикања. И покрај тоа што звукот не може да патува низ вселената, радио брановите можат. Но од каде доаѓаат тие? Научниците знаат само дека брановите не припаѓаат на ѕвезди или други познати космички феномени.
11. Зошто имаме различни крвни групи?
Различните крвни групи имаат различни антигени во крвните клетки. Тие се сигнали на антитела што ги уништуваат страните клетки во телото. Но научниците немаат поим зошто тие се различни. Постои теорија дека е нешто поврзано со болестите и имунитетот. На пример, луѓето со крвна група Б се поподложни на бактеријата Е. коли, додека пак оние со крвна група О имаат помал ризик од смрт од маларија.