Изберете врата која води кон среќата и дознајте што ви подготвила судбината
Одвојте малку време и внимателно подгледнете ги вратите кои се наоѓаат на сликата подолу. За која чувствувате дека ве води кон среќата? Земете го предвид обликот, вратата, бојата, како и малите детали. Сега кажете ни која ќе ви донесе најмногу радост откако ќе го преминете куќниот праг. Погледнете што вашиот избор открива за вашиот карактер, морални начела и скриени особини. Одговорот прилично ќе ве изненади.
Сината врата
Луѓето ве доживуваат како помагач, спасител или пријател кој секогаш е тука за другите. Вие имате длабоки врски со неколку личности што ви значат повеќе од површните познанства со многумина. Вие сте оние кои даваат, а не земаат. Заради длабочината и силата на односите кои ги имате со другите, страшно ве боли кога некој ќе ја издаде вашата доверба.
Вратата ја претставува вашата внатрешна сигурност и самодоверба за која некои не знаат. Вие сте лојални, искрени и верни. Мразите расправии и со задоволство се одлучувате за мирно решавање на проблемите наместо со борба. Склони сте да се криете зад цврстата надворешност, но затоа често сте повредени од страна на оние кои не сфаќаат дека имате нежна страна која заслужува љубов и среќа. Еднаш кога ќе ја пронајдете таа среќа, ќе почувствувате вистински спокој.
Виолетовата врата
Она што ви е важно се слава и моќ. Вие сте слободни, со цврста волја и сакате да ги држите работите под контрола. Вие сте искрена личност и не ја разубавувате реалноста, што некогаш може да биде застрашувачко за луѓето околу вас. Покрај тоа, вие сепак имате пламенито срце и целосно се давате себеси на неколкумина кои се вредни за вашите љубов и време.
Вие сте силни, мистериозни, заводници… Сѐ во едно! Низ животот чекорите со самодоверба и ве очекуваат добри работи во иднина, бидејќи напорно работите и не ги кршите правилата. И кога е тешко, вие се смеете, бидејќи во себе секогаш пронаоѓате храброст и сила да продолжите понатаму. Таа сила ќе ви помогне да пронајдете животен мир и спокој.
Портокаловата врата
Ако ве привлече оваа врата, вие сте забавни, популарни и полни со енергија. Сакате да се натпреварувате и да бидете наградени за добро завршената работа. Иако имате малку агресивна природа, приземни сте и го сфаќате значењето зад помагањето на другите. Другите луѓе ги привлекува вашата забавна и позитивна личност, па лесно стекнувате нови пријатели.
Вие сте топли и драги кон семејството и пријателите, а диви и страсни во љубовта. Портокаловата боја ги зголемува чувствата со кои правите разлика во светот. Понекогаш вашата душа се заморува што секогаш ја преземате најголемата жртва или кога се обидувате да бидете „над ситуацијата“.
Вратата со був
Вие сте навистина единствени и љубопитни – тоа го докажува фактот дека ве привлекла токму оваа врата. Сите ве препознаваат по вашата божествена енергија, слободен дух и позитивност која зрачи од вас. Вие го цените семејството и пријателите и се грижите дури и за оние кои не ги познавате, бидејќи вашето срце е големо и затоа сите сакаат да бидат во ваше друштво.
Вие сте живи и љубезни и многу привлечни за спротивниот пол, но заради вашата убавина и самодоверба често не ви го откриваат тоа. Бувот, исто така, укажува на тоа дека вие сте некој кој ужива да биде херој. Заради својата несебичност ќе бидете наградени со богатство, изобилие и раскошен живот.
Време е за уште еден интересен тест, изберете врата и откријте каков е вашиот животен пат.