Изберете дрво и дознајте што ќе доживеете во 2018-та година
5. Мирта
Вие сте самоуверена личност. Држите сѐ во животот под контрола и никогаш не се потпирате на среќата, туку исклучително на своите способности. Никогаш не ги одложувате работите и се чувствувате исполнето дури откако ќе завршите одредена задача. Луѓето околу вас чувствуваат сила и ве сакаат. Благодарение на вашата издржливост и одговорност, во новата година ќе бидете унапредени, што е логичен резултат за вашите залагања.
6. Слива
Вие сте мирољубива и одговорна личност. Сакате да минувате време со пријателите, но уживате и кога сте сами. Тоа време ви е потребно за да размислувате за смислата на животот и да се одморите од светот. Иако ви е потребен личен простор, се наближува многу важен настан на кој ќе запознаете личност на која ќе ѝ ја отворите душата. Нема да погрешите.
7. Липа
Вие сте веродостојна и аналитичка личност на која луѓето може да се потпрат. Вашата чувствителност ви помага да сфатите што всушност е важно. Луѓето кои не се внимателни како вас, ќе ви внесат во животот личност која навистина ќе ја цените. Тоа ќе биде личност со отмен стил како вашиот. За таа личност, културата игра многу важна улога.
8. Костен
Луѓето веројатно мислат дека сте сонувачи и романтичари. Вие не сакате да ги прифатите работите рационално. За вас е најважно што ви кажува вашето чувство. Кога престанувате да комуницирате со луѓето кои мислат дека чувствата не се важни и кои се потпираат само на својот ум, ќе ги избегнувате сѐ до моментот кога ќе запознаете некој посебен. Оваа личност исто така има соништа и нема да ве ограничуваа да ги искажете вашите чувства.
9. Жална врба
Вие сте екстровертна личност. Сакате да преземате ризик и одговорност во замена за интересна задача. Уморни сте од рутина и сакате добра прилика за да ја заиграте главната улога на некој голем настан. Благодарение на тоа што сте активни, моментот кој долго го очекувате само што не пристигнал.