Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите - Part 2

Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите

7. Музејот на сладолед, Сан Франциско, Калифорнија

Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите

Очекување: Да можете да направите многу фотографии за Инстаграм.

Реалност: „За фотографиите се плаќа. И има огромни редици за овие фотографии.“

8. Розвел, Њу Мексико

Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите

Очекување: Да видите град полн со луди научници и ловци на вонземјани, а можеби дури и да најдете делче од некое НЛО.

Реалност: „Градот е мал и во него нема луѓе. Исто така има многу продавници со ‘вонземјански’ работи, но никој не ги посетува. Изгледа многу морничаво.“

9. Националниот аквариум, Балтимор, Мериленд

Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите

Очекување: Да видите аквариум со прекрасни риби.

Реалност: „Аквариумот е лоциран во подрумот на јавна институција. Внатре е темно и мирисот е ужасен.“

10. Маунт Рашмор, Јужна Дакота

Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите

Очекување: Да ја погледнете неверојатната скулптура и да сфатите колку работа и време биле потребни за да се изгради.

Реалност: „Ништо посебно. Изгледа како секоја фотографија што ја гледате на Интернет. И невозможно е да се приближите.“

11. Плажата Дајтона, Флорида

Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите

Очекување: Да лежите на плажата, да пливате во океанот и да уживате во градот.

Реалност: „Најпрво, секогаш има карневали. Второ, има толпи од улични проповедници и тинејџери бездомници. Трето, самата плажа мириса на цигари, пиво, гориво и неизмиени стапала.“

12. Централија, градот што гори, Пенсилванија

Интернет корисници споделуваат кои туристички атракции не вреди да ги посетите

Очекување: Да видите град со чад, да ги запознаете локалните жители и да слушнете некоја мистериозна приказна.

Реалност: „Овде гори подземен оган уште од 1962-ра година. Звучи импресивно, зарем не? Во реалноста нема воопшто луѓе и нема видлив оган.“

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар